Eve nesto sto procitav pa mislev deka e dobra informacija za site majki koi pusat a se bremeni .
Не пушете за време на бременоста!
Дете чија мајка пуши дури четири до пет пати почесто заболува од инфекција на респираторните органи.
Пасивното пушење е главна причина за зачестените бронхитиси како и акутните астматични кризи.
Чадот предизвикува надразнување на респираторните патишта, поради што тие стануваат почувствителни на дејствувањето на вирусите и на бактериите. Покрај тоа, тутунскиот чад ги стеснува бронхиите, со што се отежнува протoкот на воздух и се поттикнува појавата на астма.
Негативното влијание на пушењето неминовно се појавува и кај постарите деца кои покрај родители пушачи мошне брзо добиваат желба за имитирање, сметајќи дека пушењето е обележје на возрасните.
Не е случајно што повеќето адолесценти се деца чиј еден родител или пак двајцата родители пушат.