Во овој форум можете да ги нудите и продавате вашите рачни изработки. Инаку е во вид на блог затоа што сметам дека така ќе се стави акцент на тоа што се продава.
При отворање нова тема пишете го името на вашата креативна работилница, ставете кус опис во кој ќе има неколку фотографии од тоа што изработувате, потоа која техника и материјали користите.
Можете да вметнете и линк од својата ФБ страница.
При објава на нови производи со наша препорака е со фотографијата да има кус опис на предметот кој се продава - од што е изработен, која техника и цена.
Ако имате проблем да се снајдете, при отворање тема или било што, пишете ми, ви стојам на располагање.