| Доење - поважни прашања | |
|
+112Nebo Misticia mama i ana LiMan roski 2mama Zvezdicka mamaAnita M A M I kara Mami4ka Arhangel Lidija3 Snegulka Mirka Elisaveta Arnaudova Milena nnatasa Dara Mama Vase monabombona bubamara Ale83 mami29 Biljana Nine rosa29 kateee bid marina_m bibic Ilince marina**** Nada Simovska Deni beti 24 Violeta13 Sandra Ananastasija winnie the pooh Lady_M lila_mk Sara JaNiTa butterfly D-r Lidija Pazdrijan babysara Pravnicka28 mama X mis MamaMaja NatalijaS sanja-ve mirecv Dragana female* obicna sneze Elena_mila Пандорче Mimi22 maskoe Bela Ves Eni Damjana Denicija bella* peperutka Oliver&Angela&Luk macush ilievska.m Mama Ane analazarevska Maja Viktorija78 Sun Sanja_Ivana Kikic Gala-78 verce Jovana's mom avanturistka Sandra_Anja baby24 marina_pp Mimi Monika Lili mamalina sanja_ biljanag magi desi georgina Kinky Nate_David mama Sister Ben10 Emilija vesna velkova Juni08_Andrea Freya aleksandra moja Ina STAR * Big Sister rich_bitch1 vecki mamicka211 Emi 116 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Emi Форумски мастер
Број на мислења : 7238 Age : 41 Локација : domce so nence Расположение : ok Поени : 32036 Registration date : 2007-11-19
| Предмет: Доење - поважни прашања 09.04.08 19:28 | |
| Зошто е важно доењето? За време на бременоста вашето тело создава се што е потребно за да се развие бебето. После породувањето вашето млеко од дојката е совршена храна која одговара на потребите на бебето, и млекото се менува како што се менуваат и потребите на бебето. Мајчиното млеко ги содржи сите елементи во потребната количина неопходни за да се развие бебето најдобро што може. Истражувањата и натаму ја потврдуваат вредноста на доењето. Во денешно време е признато дека доените бебиња подобро се развиваат во поглед на видот, говорот и интелигенцијата. Тие, исто така, се позаштитени од многу чести заразни заболувања и од други заболувања како што се шеќерна болест во детството, рак во детството, воспаление на средното уво, неочекувана смрт на доенчињата. Доењето има предности и за мајката. Вашата матка ќе се врати побрзо во состојба од пред бременоста. Многу жени не забременуваат додека целосно дојат. Тоа исто така служи донекаде како заштита од рак на јајниците и губење на калциум од коските.
Како дејствува доењето? За време на доењето млечните жлезди во дојките создаваат ткиво каде што ќе се создава млекото. Не влијае дали имате големи или мали гради - производството е исто. Млекото се произведува во меурчиња во ткивото на дојките и потоа низ млечните канали тече кон брадавицата на дојката. Млекото истекува низ многу ситни отворчиња во брадавицата на секоја дојка. Кога вашето дете цица од дојката, цицањето предизвикува вашето тело да испушта два хормона во крвниот тек. Пролактинот е хормон што ги поттикнува дојките да создаваат повеќе млеко, оксокотинот ги поттикнува дојките да го истуркаат млекото надвор. Бебињата при цицањето со јазикот и вилиците го притискаат ткивото на дојката и така го истиснуваат млекото. За тоа време пак дојката го турка млекото да надоаѓа во млечните канали.
Како да се приготвам за доење? Најдобар начин за успешно доење е да научите што повеќе за доењето и како тоа се одвива. Колку повеќ знаете ќе бидете поспособни да ги решите проблемите што ќе настануваат. Може да настанат тешкотии и при природно доење, меѓутоа кога имате точни информации и помош повеќе проблеми може да се решат. Исто така, е многу важен позитивен однос од пријателите и семејството кон доењето.
Како да почнам? Бебињата се раѓаат со инстинкт да ја бараат дојката и да цицаат. Ако се стават на дојката наскоро после раѓањето тој инстинкт се засилува. Течноста што ја лачат вашите дојки првите денови после раѓањето, колострум, е многу важна за да му даде на бебето заштита од инфекции. Местење на дојката и добро заглавување во устата на детето се важни за успешно и пријатно доење. Многу бебиња и мајки знаат да го сторат тоа самите, но на други бебиња и мајки им е тешко да погодат. Важно е да ви биде удобно, наместете перници за да го потпрете грбот и за да го подигнете бебето до висината на вашата дојка. Додека се навикнете на доењето потргнете ја облеката за да може да гледате што правите. Бебето треба да биде расповиено, треба да го држите блиску до вашето тело - колковите, градите и мешето да му се прилепени кон вас. Ако ја допрете устата на бебето со брадавицата на дојката бебето инстинктивно ќе ја отвори устата и ќе земе во устата широка површина на потемното ткиво што се наоѓа околу брадавицата на дојката и самата брадавица. Доењето не боли ако бебето е добро наместено. Ако ве боли, тогаш прекинете го доењето вака: ставете чист прст од страна во устата на бебето за да престане да влече и потоа наместете го повторно.
Што да правам ако треба да излезам од дома или да одам на работа? Млекото од дојката можете да го истиснете рачно или со пумпа. Тоа се вика измолзување. Може да го измолзувате и да го оставите за да се нахрани бебето. Мајчиното млеко може да се чува 48 часа во фрижидер и подолго време во замрзнувач.
Колку често треба да се хранат доенчињата? Тоа е различно, 8-12 хранења на 24 часа кога се многу мали. Млекото само се произведува и тоа толку колку што му е потребно на бебето. Како што бебињата растат така расте времето од едно до друго хранење, особено во текот на денот. Бебето многу недели нема да спие во текот на целата ноќ, а кај многу бебиња тоа трае со месеци.
Како ќе знам дали имам доволно млеко? Дека имате доволно млеко ќе знаете ако вашето бебе кога е целосно нахрането ќе наводени 6-8 платнени пелени или 5 пелени за еднократна употреба во текот на 24часа, нежни движења на стомачето, светли очи и здрава боја на кожата и ако добива на тежина со време.
Што е тоа воспаление на дојката и како да го одбегнам? Маститис, воспалението или инфекција на дојката, настанува кога не се лечи некој млечен канал што се запушил или кога се распукува брадавицата или пак кога настанува некое заболување на дојката. Ако дојката ве боли, можеби има и црвенило, ако имате температура или ви е лошо, појдете на лекар. Воспалението на дојката лесно се лечи, но ако не се лечи состојбата може да стане сериозна. Продолжете да доите од заболената дојка, важно е да се одржува проодност на млечните канали. Внимавајте на положбата кога го местите бебето, така ќе одбегнете ранички на брадавицата. Воспалението може да се спречи ако почесто го доите бебето затоа што тогаш дојките не се преполнуваат. Важно е да не носите премногу тесно прслуче.
Може ли да забременам додека дојам? Мал број жени брзо добиваат менструација иако дојат. Други пак долго не добиваат - кај нив не настанува созревање на јајната клетка. Не може да се знае во која група спаѓате, затоа ако е важно да не забремените повторно, посоветувајте се со службата за планирање на семејството кој вид на заштита против забременување да користите.
Каде можам да добијам помош ако ми треба?
Кај вашата локална медицинска сестра за здравјето на мајката и детето Линија за здравјето на мајката и детето Советување за доењето може да се добие во било кое време преку Здружението на мајки доилки на Македонија | |
|
| |
Emi Форумски мастер
Број на мислења : 7238 Age : 41 Локација : domce so nence Расположение : ok Поени : 32036 Registration date : 2007-11-19
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 12.04.08 22:03 | |
| Колку долго бебето треба да цица
Врз основа на проучувањата, дојдено е до заклучок дека бебето ќе извлече 75% од целокупната количина на млеко во дојките по пет минути цицање. Имајќи го ова во предвид, не треба да му се дозволи на бебето да цица повеќе од 15-20 минути од првата дојка, и 5-10 минути од втората. Треба да се одбегнуваат долги доења, затоа што тоа е само губење време и поради тоа што дојките може да се повредат многу во почетокот.
Количина на млеко
Количината на млеко која ќе ја имате ќе биде одредена со количината на млеко која му е потребна на бебето во текот на еден ден. Ако бебето го дохранувате на шишенце, количината на млеко ќе биде соодветно намалена за количината на млекото која бебто ја добива со шишенцето. Ако чувствувате дека и покрај се бебето е сеуште гладно и сака да и дадете вода или дополнително млеко, направете го тоа веднаш по цицањето, но никако во текот два часа пред следното доење. Често доењето и празнењето на градите ќе поттикне стварање на млеко. Во текот на првите неколку недели понудете ја и другата дојка откако ќе се испразни првата. А следниот пат почнете со втората неиспразнета дојка. Обично по првата или втората хнедела непотребно е да се даваат двете дојки во текот на едно доење.
Како да ја зголемите количината на млеко во дојките
Ако немате доволно млеко, можете да ја зголемите количината со следните мерки : 1. Земајте повеќе течности и храна. Ќе ви бидат потребни 1 литар течности повеќе секој ден и четвртина повеќе компактна храна отколку што јадете, односно од 500 до 1000 калории повеќе од вообичаеното. Еден литар млеко може да ви обезбеди течност од околу 700 калории. Според тоа еден литар млеко покрај редовната исхрана може да ви обезбеди доволно хранливи материи за напредување на бебето. Ако не сте во состојба да испиете млеко туку така, употребето го во кремови, чорби, или пијте го со какао. Секој ден испијте и по некоја чаша повеќе вода или овошен сок. Продолжете да земате и мултивитамински капсули како за време на бременоста Jадете дневно обилна порција месо, две би било уште подобро; потоа јајца, компири, повеќе овошје. Десертот сведете го на овошје, пудинг или желатин. Избегнувајте бонбони. 2. Дојте го детето често. Што повеќе млеко детето извлекува од вашите дојки - или вие се измулзувате со прсти, односно со пумпица, повеќе ја стимулират работата на млечните жлезди. И ова е уште една потврда на старото правило, понуда - побарувачка. Според тоа не претерувајте со дополнителна исхрана, затоа што може да се случи да снемате млеко. 3.Одмарајте се многу, и не се вознемирувајте. Колку повеќе сте опуштени, толку повеќе млеко ќе имате. Прилегнете попладне додека бебето спие и спијте 8-9 часа во текот на ноќта. Настојувајте да се оттргнете од возбуди - избегнувајте посети во текот на првите недели, јас би рекол првите 40 дена.
Дали имате доволно млеко Постои само еден начин да проверите дали имате доволно млеко за своето бебе - а тоа е нејзината тежина. Ако секоја недела добива 110 - 220 грама, па и повеќе, значи дека се е во ред. Ова ќе го проверите на редовните прегледи кај лекарот (педијатарот) кој точно ќе ви каже колку напредува, и што треба да превземете ако воопшто треба | |
|
| |
mamicka211 Полуматурант
Број на мислења : 559 Age : 40 Локација : makedonija Расположение : радосно Поени : 30180 Registration date : 2008-05-12
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 14.05.08 23:58 | |
| се согласувам со двете,доењето е здраво,детето има природен имунитет и не се храни со вештачка храна од мало. | |
|
| |
vecki Форумска фаца
Број на мислења : 4525 Age : 45 Локација : skopje Расположение : екстра Поени : 31700 Registration date : 2008-05-05
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 15.05.08 0:06 | |
| доењето е најдобро и најздрава храна за секое бебе но има случаеви каде мајката не смее да дои инаку јас ги доев памела до 1годи5 мес кристина до 4 год а марија уште цица | |
|
| |
Emi Форумски мастер
Број на мислења : 7238 Age : 41 Локација : domce so nence Расположение : ok Поени : 32036 Registration date : 2007-11-19
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 15.05.08 0:22 | |
| До 4 години, а зашто??? Нели е тоа малку претерано?? Извини немој погрешно да ме сватиш ама бре многу е тоа.... | |
|
| |
vecki Форумска фаца
Број на мислења : 4525 Age : 45 Локација : skopje Расположение : екстра Поени : 31700 Registration date : 2008-05-05
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 15.05.08 0:27 | |
| знам дека е многу и мене ми беше смачено но кога плачеше заоѓаше и ми беше страв да ја одбијам па кога останав бремена со третото сама се одби да има и за бебето | |
|
| |
rich_bitch1 Бруцош
Број на мислења : 2504 Age : 37 Локација : dreamland Расположение : dobro e Поени : 31293 Registration date : 2007-12-29
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 18.06.08 14:10 | |
| дали додека мајката дои смее да користи некакви лекови? | |
|
| |
Big Sister Web Administrator
Број на мислења : 2268 Age : 51 Локација : Skopje Расположение : весело Поени : 31293 Registration date : 2007-11-15
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 18.06.08 14:18 | |
| Не смее ништо освен парацетамол. Но и со тоа да не се претерува. Исто така треба да внимава и на исхраната - нема луто, зачинето, тешко сварлива храна (грав, зелка и сл.). Сето тоа си влијае и на бебето. | |
|
| |
STAR * Матурант
Број на мислења : 1596 Age : 42 Локација : Skopje Расположение : еуфорично Поени : 30685 Registration date : 2008-01-28
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 18.06.08 14:26 | |
| Да Ане ова последното му ствара гасови на бебушот и треба да се избегнува. И фала за информацијата за парацетамол , не занев за ова , а баш на една другарка и треба ваква информација. | |
|
| |
Emi Форумски мастер
Број на мислења : 7238 Age : 41 Локација : domce so nence Расположение : ok Поени : 32036 Registration date : 2007-11-19
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 19.06.08 15:36 | |
| Мене педијатарот на Милена ми рече смеам да јадам зрнеста храна ама потоа да пијам јогурт или да јадам кислео млеко, Милена немаше проблеми а јас јадев се од се она што го наведе Ане, мислам дека секое бебе реагира различно. Се согласувам за луто, кисело, многу зачинето. Од лекарства може Оспен, тој и трудници го пијат. | |
|
| |
moja Ina Полуматурант
Број на мислења : 617 Age : 44 Локација : skopje Поени : 30574 Registration date : 2008-02-24
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 20.06.08 23:09 | |
| Јас бев настината кога Ина имаше 2-3 месеци и пиев парацетамол и аспирин. Тоа ми го препорача доктор | |
|
| |
aleksandra Полуматурант
Број на мислења : 682 Age : 39 Локација : prilep Расположение : veselo Поени : 30145 Registration date : 2008-06-09
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 01.07.08 20:34 | |
| мене ми дозволија амоксиклав и парацетамол | |
|
| |
Freya Полуматурант
Број на мислења : 1442 Age : 47 Локација : makedonija Расположение : energicno Поени : 30160 Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 01.07.08 20:42 | |
| Јас настинав и качив многу темперетура а Ивана немаше ни 40 дена, докторот ми рече дека смеам да пијам само парацетамол +витамин Ц и ништо друго. | |
|
| |
aleksandra Полуматурант
Број на мислења : 682 Age : 39 Локација : prilep Расположение : veselo Поени : 30145 Registration date : 2008-06-09
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 01.07.08 20:54 | |
| јас се сејкавам ко се породив ми ставаа инекции гарамицин и од тоа мислам дека немав многу млеко | |
|
| |
Juni08_Andrea Бруцош
Број на мислења : 2579 Age : 48 Локација : Tamu kaj sto mi e najubavo!!!! Расположение : Prednovogodisno! Поени : 31029 Registration date : 2008-01-11
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 06.08.08 17:55 | |
| zenski dajte nekoj sovet ako imate.andrea ja doam a plus preku den i davam formula(vestacko mleko).rabotata e sto vo posledno mnogu e nervozna i placi koga pie od sise.dali malce i teci ili jas mislam neznaj nekogas i da pie od sise.go otvora usteto kako za cicanje i placi ne i teknuva deka treba da zatvori i da vleci. uste nesto dali koga gi doite, pritiskate na gradata.jas da,pa mislam da ne naviknata taka mlekoto polesno da i ide a so cuclata treba sama da vleci i mozi i e to macno.izgleda i mnogu strvno bebe(masala)kolku i da i davas ke jade,ke prestane samo ako ubo se uspie. | |
|
| |
vesna velkova Полуматурант
Број на мислења : 509 Age : 39 Локација : skopje Поени : 29951 Registration date : 2008-06-26
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 07.08.08 0:38 | |
| зошто и даваш плус вештачко млеко од шише?така може и да ти се одбие од цицање. | |
|
| |
vesna velkova Полуматурант
Број на мислења : 509 Age : 39 Локација : skopje Поени : 29951 Registration date : 2008-06-26
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 07.08.08 0:44 | |
| а да ве прашам за алкохол во тек на доење колку е дозволено? | |
|
| |
Freya Полуматурант
Број на мислења : 1442 Age : 47 Локација : makedonija Расположение : energicno Поени : 30160 Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 07.08.08 0:59 | |
| Jas mislam deka alkohol za vreme na doenje ne e dozvoleno voopsto.Za vreme na bremenost znam deka e polezno da se ispie edna casa pivo ili vino posle rucek ama za vreme na doenje mislam deka ne e dozvoleno nikakov alkohol. | |
|
| |
Emilija Бруцош
Број на мислења : 2687 Age : 47 Локација : Скопје Расположение : со тројцата мускетари Поени : 30679 Registration date : 2008-07-11
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 07.08.08 8:29 | |
| За алкохол знам дека не е дозволено, но мислам дека нема да пречи чаша вино или чаша пиво за ручек. Плус од пивото знам дека надоаѓа млеко, а и од бозата исто така. За дохрана со формула во тек на доење немам искуство, ама ако бебето цица нормално дека мајчиното млеко му е послатко отколку вештачкото. Сте го пробале колку е гадно вештачкото? А за мајчиното имам читано дека е благо, не сум се осмелила да го пробам Нема поубава и поздрава храна за бебето од мајчиното млеко. Но после 1 година мислам дека нема многу фајде од цицањето. Јас ќерка ја доев 1.5 години, а еве се спремам и син ми да го одбијам за месец-два. И двете по 1.5 година, доста е... | |
|
| |
Juni08_Andrea Бруцош
Број на мислења : 2579 Age : 48 Локација : Tamu kaj sto mi e najubavo!!!! Расположение : Prednovogodisno! Поени : 31029 Registration date : 2008-01-11
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 07.08.08 17:10 | |
| Sakam da mozam samo da ja doam,dusice malo kolku saka samo da cica.noke poretko cica ako stani samo ednas i ima vreme da nadojdi mleko.dodeka nautro saka poveke da jadi,ne spie tolku i samo saka da jadi e togas mislam nemam dovolno mleko posto ke pocica i posle se nervira i placi.cica cesto a jas togas nemam vreme tolku da jadam pa da nadojdi poveke mleko.I jas sum go probala vestackoto i stvarno e grozno i kako grdo mirisa.i jas sum slusala deka casa pivo pomaga za poveke mleko ali jas ne sum probala. | |
|
| |
Freya Полуматурант
Број на мислења : 1442 Age : 47 Локација : makedonija Расположение : energicno Поени : 30160 Registration date : 2008-06-06
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 07.08.08 19:44 | |
| E sega se setiv deka bratuceda moja sto e vo germanija mi kaza deka tamu vo bolnicata koga se porodila imalo aparat za sampnajsko oti od nego nadoagalo mleko. | |
|
| |
moja Ina Полуматурант
Број на мислења : 617 Age : 44 Локација : skopje Поени : 30574 Registration date : 2008-02-24
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 07.08.08 23:37 | |
| Весна и мене Ина првите два месеци ми беше постојано на града. Само навечер не цицаше. Буквално ја доев и јадев истовремено. Незнам за адаптираното бидејќи не се ниту обидов да и дадам. Моја препорака е да и даваш да цица кога и да побара, а колку повеќе цица толку повеќе се создава млеко. Ако ти напредува во килажа убаво нема потреба од грижа. Бакнеж за малата Андреа | |
|
| |
Ben10 Прваче
Број на мислења : 131 Age : 50 Локација : Скопје Поени : 29702 Registration date : 2008-08-16
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 17.08.08 12:34 | |
| Препораките од светските авторитети се бебето да се дои на барање. Посебно во првите неколку месеци, не можете да очекувате тогаш да воспоставите некаков ред. Тоа може да биде многу напорно и бебето да биде нон стоп на града - но тоа е мала жртва. бебето не цица само кога е гладно, туку и кога е жедно и кога му треба малку нежност од мама и кога сака да се мази. :kis heart: Кога бебето е почесто на града тогаш во текот на два часа градата не би требало да се менува, туку да се нуди истата. Можеби ви изгледа дека таа е празна, но најдобар начин да се провери дали влече е мрдањето на ушите (под уште) во моментот односно килажата и мокрите пелени. Природата направила чудо и за се се погрижила. Така бебето кога цица првото млеко е поведнесто - тоа најчесто го бара летно време, кога е топло, а бебето жедно. Потоа следува погустото млеко - односно главното јадење и на крај е најполномасното млеко - десертот. Тоа е она што најмногу поправа Ако бебето добро си цица, нема потреба од млечна формула.. со намалувањето на побарувачката, се намалува и потрошувачката. Помагаат и топли облози или тужирање пред доење. Водата го опушта телото и полесно се лачи млекото. | |
|
| |
rich_bitch1 Бруцош
Број на мислења : 2504 Age : 37 Локација : dreamland Расположение : dobro e Поени : 31293 Registration date : 2007-12-29
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 18.08.08 14:49 | |
| од што најмногу зависи дали мајката ке има млеко или не?дали големината на градите играат некаква улога? | |
|
| |
Sister Полуматурант
Број на мислења : 930 Age : 48 Локација : источно од рајот Расположение : зошто си ме мајко родила.. Поени : 30004 Registration date : 2008-07-19
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања 18.08.08 14:57 | |
| големината на градите нема никаква врска.најважна за млекото мислам дека е исхраната,да се јаде редовно но и да се пијат многу течности.додека од стресот може и да се изгуби млекото. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Доење - поважни прашања | |
| |
|
| |
| Доење - поважни прашања | |
|