Ова ми е вистински хит во последно време.
Ем брзо се спрема, а и многу е вкусно.
Потребно е
-1 кг пилешки стек
-1 пакување (незнам колку грама беше) свежи печурки
-1 крем супа од печурки
Стекот се сече на мали парчиња и се става во намрсен огноотпорен сад (моше и обично плехче), врз него се ставаат сечкани печурките и се додава малку вода, околу пола кафена шоља. Ова се става во претходно загреана рерна на 250.
Супата ја варите спрема упатството на опаковката и кога ќе биде готова со неа го преливате месото и го враќате во рерна, а температурата ја намалувате на 220.
Јас го јадам со варени макарони.