Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Првиот македонски семееен форум
 
HomeHome  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  
Portal
Родители и деца
Влез
Член:
Лозинка:
Логирај ме автоматски на секоја моја посета: 
:: Си ја заворавив лозинката!
Мај 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
CalendarCalendar
Барај
 
 

Display results as :
 

 


Rechercher Advanced Search

 

 Иницијатива за формирање на здружение

Go down 
+34
hormonce
sanja-ve
Vesnicka
bica
Brane
Ves
Svetlana
georgina
Lili
Zvezdicka
mama
sonja colakova
Viktorija78
magi
lela
Freya
baby24
Juni08_Andrea
mamazako
bella*
STAR *
Emilija
Lana
Big Sister
Misticia
Emi
mamalina
moja Ina
macush88
rich_bitch1
Goca
Jovana's mom
Monika
Kinky
38 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
АвторПорака
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty28.11.08 17:02

па за сите што немаат деца се воведе бесплатно инвитро. ама сепак добра идеја можи нешто како психијатарска служба и како разговори со брачните парови ама за тоа трепа дипломирани советници не би знаела како тоа ќе иде. ај за тоа на крај ќе се договориме. може?
Вратете се на почетокот Go down
Ves
Полуматурант
Полуматурант
avatar


Female
Број на мислења : 1410
Age : 45
Локација : Насекаде по малку
Расположение : Многу гушкање!!!!!!!
Поени : 29477
Registration date : 2008-09-16

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty28.11.08 22:15

Vazno e da profunkcionirame i da bideme efikasni . Eve jas ke ve poddrzam vo PR, i preveduvanje ako zatreba na materijalite na angliski.Pa moze da se pocne i so sproveduvanje anketi ,edno drugo, cela ulica kaj sto ziveam se mladi majki i trudnici. Samo neka se mnozat bebuski.
Вратете се на почетокот Go down
Ves
Полуматурант
Полуматурант
avatar


Female
Број на мислења : 1410
Age : 45
Локација : Насекаде по малку
Расположение : Многу гушкање!!!!!!!
Поени : 29477
Registration date : 2008-09-16

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty28.11.08 22:18

P>S- PR mislam na Public Relations -odnosi so javnost ,komunikacija.( za pocetok samo online) ke mu trebam doma na bebceto:)
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски мастер
Форумски мастер
Emi


Female
Број на мислења : 7238
Age : 40
Локација : domce so nence
Расположение : ok
Поени : 31111
Registration date : 2007-11-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty28.11.08 22:20

објасни ми што значат точките во вториот член macush88

добро е што барем некој се труди ова да функционира а не да остане само на муабет
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 9:49

macush88 напиша:
Член 2
Граѓаните се здружуваат во Здружението ________, заради остварување на поширок општествен интерес, преку што се задоволуваат потребите од стручна и друга помош…..
значи еми бравос шо ме праша оти и јас не знам. ич не го прочитав овој член за да видам дека можеби и не одговара и не е јасен

НОВ ЧЛЕН 2
Член 2

Невладината организација РОДИТЕЛИ И ДЕЦА функционира преку следниве облици на организациско дејствување:
• Органи и работни тела;
• Поединечна и организирана активност на своите членови;
• Соработка со други политички и неполитички здруженија и
организации;
е тука можете други точки да додатете. инаку разгледувам повеќе статути и мислам дека на крај можи ќе направам мала измена и ќе додадам уште нешто. пример мора да има во статутот член за каде ќе биде седиштето на организацијата, а тоа ќе се договориме на крајот. итн. некои такви работи на крајот ќе ги разрешиме. позз
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 10:15

eve ova od cira primerot za site da go vidat

Подготовка на статут

Законот за здруженија на граѓани и на фондации на Република Македонија од секоја организација бара да подготви и да приложи статут за да може да се регистира. Оваа брошура накратко ќе објасни што е статут, кои информации ги содржи и како се подготвува.

1. Што е статут?

Статут е правилник за работа на здружението на граѓани. Во генерални рамки, статутот дава приказ на раководната структура на здружението, на неговите цели и активности, како и на процедурите според кои ќе функционира највисокото раководно тело.

2. Кои инфомации треба да се вклучат во статутот?

Потребно е да се обезбедат сите потребни информации што ги бара законот да се најдат во статутот.
Статутот на здружението на граѓани особено содржи:
- име и седиште на здружението на граѓани
- цели и задачи на здружението на граѓани, облици и начин на дејствување
- органи, начин на нивниот избор и отповикување и нивниот меѓусебен однос
- траење на мандатот на органите и начинот на решавање на членовите
- стекнување и располагање со имотот
- остварување на јавност во работата
- определување услови за основање ограноци (организациони единици)
- услови и начин на пристапување и исклучување од здружението на граѓани
- претставување и застапување во правниот промет и кон трети лица
- престанок на здружението на граѓани
- постапување со имотот на здружението на граѓани во случај на престанок на здружението и
- други прашања утвредни со закон
Статутот на здружението на граѓани мора да се темели и да произлегува од актот за основање, особено во делот што се однесува на целите и на задачите на здружението, кои треба да се доразработени во статутот. Законот предвидува повеќе елементи што треба да ги содржи статутот на здружението на граѓаните, но се остава простор здруженијата на граѓаните со својот статут
самостојно и поспецифично да уредуваат прашања што се од интерес за остварување на нивните цели и задачи или кои соодветствуваат на самата природа на здружението.
3. Како здружението да подготви статут?
Следете го дадениот пример на статут и пополнете ги празните места со тоа што одговара на вашето здружение.
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 11:23

СТАТУТ

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Здружението _________ од _________ е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности за подобрување (унапредување на …….).

Член 2

Граѓаните се здружуваат во Здружението ________, заради остварување на поширок општествен интерес, преку што се задоволуваат потребите од стручна и друга помош…..

Член 3

Здружението _________, како здружение на граѓани - _________ своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на Република Македонија, со овој Статут и Статутот на Сојузот на _____ на Македонија (во случај на членство во некој сојуз), како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.

Член 4

Називот на здружението на граѓани е Здружение на ______________ од _____________ (Во натамошниот текст _____________).

Член 5

Седиштетот на Здружението ____________ е во _________________. Здружението ______________ се организира и делува на подрачјето на (град, регион, Република Македонија) ________.

Член 6

Здружението ____________ од ____________ е правно лице.
Здружението ____________ од ____________ има свој печат и штембил.
Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението: Здружение на ________ од
_________, а во средината се наоѓа амблемот на Здружението на _______ од _________.
Штембилот на Здружението од ___________ е правоаголен со следниот текст:
Здружението на ____________ од ___________, број, дата и место.


ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И
НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ

Член 7

Граѓаните се здружени во Здружението од __________ заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:
……………………………….
……………………………….
……………………………….

ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 8

Член на Здружението __________________, може да биде секој граѓанин –државјанин на Република Македонија (може да членуваат и странци, ако тоа го предвидува статутот), кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава (при тоа основачите мора да се полнолетни, но членството не мора). Зачленувањето во Здружението се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во здружението, задолжително се враќа. Здружението ___________ за своите членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш годишно.

Член 9

Членот има право да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението и да придонесува во развојот и популарноста на Здружението. Секој член може доброволно да истапи од здружението.

Член 10

Исклучувањето од членство во здружението се остварува во следните случаи:
……………………….
Престанок на членството во здружението настанува во следните случаи:
……………………….

Член 11

Обврски на членовите во Здружението се:
- редовно да ја плаќаат чланарината;
- да присуствуват на состаноците:
- да земаат конкретно учество во спроведувањето на Програмата на активностите на Здружението.
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 11:24

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЗДУЖЕНИЕТО

член 12

Здружението на ____________ од ______________ го претставува и застапува претседателот.

ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 13

Работата на Здружението _____________ е јавна. Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на (членовите,други здруженија/ НВО, или пошироката јавност) за работењето и активностите на здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално- финан- сиското работење и друго. За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата како и списанието ………

ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА __________________

Член 14

Здружението остварува средства од:
- членарина;
- донации;
- буџет;
- провизии од органи, организации, заедници и од други услуги;
- од трговски друштва;
- и од други услуги (имотни права и сл).

Член 15

Користење и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.

Член 16

За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.

Член 17

Здружението од ______________ донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението. Финансисикиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 14 од
Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работа на Здужението и други расходи сврзани со работата.

УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ___________________________

Член 18

Со Здружението од _______ управува организаирано членство на Здружението непосредно или преку свои претставници во органите. Права и должности на претставникот се:
- претставникот да избира и да биде биран во органите на Здруженито:
- претставникот да предлага решавање на прашања од заеднички интерес:
- да работи на развивање и унапредување на општествените и другите активности кои произлегуваат од Статутот, програмските цели и задачи и од усвоените одлуки и заклучоци;
- да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности;
- да ги застапува интересите и ставовите на Здружението;
- да бара стручна и друга помош од областа на ________________;

ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА _________ ОД _____________

Член 19

Органи на Здружението _________________ се:
1. Собрание
2. Извршен одбор

Член 20

Собранието на Здружението _____________ брои _______ претставници кои се избираат од ____________ те и/или го сочинуваат сите граѓани-членови на Здружението. Мандатот на претставниците трае ____ години. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

Член 21

Седници на Собрание свикува претседателот на Собранието.
Седници на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на
Здружението или на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.
Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог
не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите. Седница на Собранието за работа на Извршниот одбор може да се свика и по поредлог на надзораната комисија. Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.

Член 22

Собранието на Здружението на __________ од редовите на своите претставници избира Извршен одбор кој е извршен орган на Собранието, на редовни и вонредни собранија.

Член 23

Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број претставници. Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните
претставници. Во надлежност на Собранието е следното:
- го донесува Статутот на Здружението од __________и врши измени и дополнувања на истиот:
- избира и разрешува членови на Извршниот одбор (и на други органи кои здружението смета дека треба да формира);
- усвојува прграмска ориентација за работа на Здруженито за период од 4 години, операционализирано во годишните програми;
- го разгледува и усвојува извештајот за работа на на Извршниот одбор помеѓу две собранија;
- ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
- донесува финансиски план и усвојува завршна сметка на Здружението;
- расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
- донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
- решава за формирање на ограноци на Здружението;
- врши и други работи кои прозлегуваат од Статутот и законите.

Член 24

Извршниот Одбор на Здружението __________ е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот.

Член 25

Извршниот Одбор на Здружението _________ брои _________ члена. Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае _________ години. Извршниот одбор од своите редови избира претседател со мандат од ____ години. Претседателот на Извршниот одбор истовремено е и претседател на Собранието на Здружението од _______ и тој го претставува и застапува Здружението.

Член 26

Во надлежност на Извршниот одбор е следното:
- ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението _________, како и одлуките и заклучоците на Собранието:
- донесува и реализира годишна програма за работа;
- предлага измени и дополнување на Статутот;
- донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;
- свикува седници на Собранието и припрема материјали;
- именува и разрешува секретар на Здружението;
- донесува одлуки за формирање на постојани и повремени комисии, и ја насочува нивната работа;
- организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;
- донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;
- донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;
- дава согласност на Правилникот за организацијата на работите и работните задачи на стручната служба на Здружението на ____________те;
- донесува одлуки по приговори и жалби;
- врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот.

Член 27

Извршниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението. Извршниот одбор се состанува и одржува седници по потреба. Седницата на Извршниот одбор ја свикува Претседателот. Предлог за свикување на Извршниот одбор може да поднесе една половина од
Извршниот одбор, една третина од претставниците на Собранието, по предлог на надзорниот одбор и секретарот на Здружението. Со седницата раководи и претседава претседателот, а во негово отсуство член кој ќе го избере Извршниот одбор.
Начинот на свикување на седницата и работењето на Извршниот одбор се уредува со Деловник за работа;

Член 28

Заради извршување на статутарните и програмските задачи и одлуки на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот Одбор формира надзорна комисија и други работни тела. Надзорната комисија врши контрола над спроведувањето на одредбите од овој Статут и контрола за наменското располагање со средствата и приходите на Здружението_________________. Своите наопди и одлуки Надзорната комисија ги доставува до Собранието и Извршниот одбор на Здружението на ______________од ______________.


СТРУЧНА СЛУЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 29

За извршување на административно–стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението ___________, се формира Стручна служба.

Член 30

Правата и обврските и одговорностите за работа на вработените во Стручната служба ги утврдува секретарот на Здружението на _________________ во согласност со законските норми и Статутот.

Член 31

Средствата за работа на стручната служба се определуваат со Финансиски план секоја година и тоа: средства за плати, средства за заедничка потрошувачка, средства за материјални трошоци, средства за посебна намена за нормално извршување на функцијата.

Член 32

Со Стручната служба на Здружението на _____________ раководи секретар. Секретарот го именува и разрешува Извршниот одбор согласно условите кои се утврдени со посебна одлука. Секретарот на стручната служба во исто време е и секретар на Здружението од ________.Секретарот правото од работен однос го остварува во Здружението од _______, во Стручната служба, а за извршувањето на својата работа одговорен е пред Извршниот одбор.

Член 33

Права, обврски и надлежности на секретарот:
- секретарот на стручната служба раководи со работата на стручната служба;
- секретарот е работоводен орган и ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи;
- секретарот е наредбодател и потписник на сметката на Здружението;
- секретарот е одговорен за извршувањето на Финансискиот план и Програмата за работа;
- се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Извршниот одбор;
- во правниот промет презема мерки и дејствија во има и за сметка на Здружението од _______;
- се грижи за правилна примена на Законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението;
- склучува договори, спогодби во има и за сметка Здружението _____________.


ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО _______________

Член 34

Здружението ______________ ќе престане со работа ако:
- затоа одлучат членовите на Здружението,
- ако боројот на членовите се намали под бројот определен за основање,
- ако настапат причини утвредни по член 52 од Законот.
Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.

Член 35

По престанок на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на _____________.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 36

Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на Здружението на _______, а помеѓу две собранија, Извршниот одбор на Здружението.

Член 37

Здружението од _______ е правен следбеник на целокупниот имот – капиталот на досегашното Здружение од ___________.

Член 38

Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото
донесување.

Член 39

Овој Статут влегува во сила на денот на донесувањето, а престанува да важи Статутот на Здружението на ______те на град ______ бр. _____ донесен на ден __________
година.


Претседател на
Извршниот Одбор
на Здружението на
_______ од
______
Вратете се на почетокот Go down
georgina
Прваче
Прваче
georgina


Female
Број на мислења : 371
Age : 49
Локација : Negotino
Поени : 28835
Registration date : 2008-08-02

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 18:30

Важно е кои ќе бидат целите и задачите бидејќи врз основа на нив потоа и ќе делува здружението.
И сега го читав делот за престанок на постоењето на здружението таму најдобро е да стои дека имотот на здружението се дели помеѓу членовите. Така кај нас прават многу НВО..
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 19:23

јас мислам во случај на престанок фер е да донираме во некој дом за деца или во повеќе, зависи колку ќе остане, тоа е најхумано и мислам дека така е најправилно да се постапи
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 19:27

Член 3
Здружението РОДИТЕЛИ И ДЕЦА, како здружение на граѓани - ОРД своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на Република Македонија, со овој Статут, како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.

Член 2
Граѓаните се здружуваат во Здружението РОДИТЕЛИ И ДЕЦА, заради остварување на поширок општествен интерес, преку што се задоволуваат потребите од стручна и друга помош.

Член 4
Називот на здружението на граѓани е Организација на родители и деца од Битола(пример). (Во натамошниот текст ОРД).

Член 5
Седиштетот на Здружението ОРД е во Битола на улица Васко Карангелевскибб3/40,7000 Битола, Република Македонија, а за своите потреби ќе се изнајмуваат канцеларии се до моментот на обезбедување на сопствен простор.
Здружението ОРД се организира и делува на подрачјето на (град, регион, Р/епублика Македонија) во Битола а делува низ целиот регион на Република Македонија

инаку ова горе е само пример ќе се реши нахнадно за седиштето на ОРД

Член 6
ОРД од Битола е правно лице.
ОРД од Битола има свој печат и штембил.
Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението: Организација на родители и деца од Битола, а во средината е напишано со големи букви ОРД. На долната страна има смешко.
Штембилот на ОРД е правоаголен со следниот текст: ОРД од Битола број, дата и место.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И
НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ

Член 7
Граѓаните се здружени во ОРД заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:
……………………………….
……………………………….
……………………………….
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 19:42

е тука сега кај член седум да напишиме точно предлози и да дефинираме за што ќе дејствуваме.
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 19:47

ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 8
Член на ОРД, може да биде секој граѓанин – државјанин на Република Македонија (може да членуваат и странци, ако тоа го предвидува статутот), кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава (при тоа основачите мора да се полнолетни, но членството не мора).
Член на ОРД може да биде и секое здружение на граѓани кое ги прифаќа Статутот, програмата и активностите на ОРД, или пак кое сака да ја помага работата на ОРД за остварување на целите.
Зачленувањето во ОРД се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во здружението, задолжително се враќа.
ОРД за своите членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш годишно.

Член 9
Членот има право да биде биран во органите наОРД, да учествува во работата на Здружението и да придонесува во развојот и популарноста на ОРД..
Секој член може доброволно да истапи од здружението.

Член 10
Исклучувањето од членство во здружението се остварува во следните случаи:
- по сопствено барање на членот;
-со исклучување на членот заради негово дејсвување во спротивно со целите на здружението.
За отрстранување/исклучување на членот одлука носи собранието или извршниот орган.

Член 11
Обврски на членовите во Здружението се:
редовно да ја плаќаат чланарината;
да присуствуват на состаноците:
да земаат конкретно учество во спроведувањето на Програмата на активностите на Здружението

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЗДУЖЕНИЕТО

член 12
ОРД го претставува и застапува претседателот.
Претседателот на Здружението го избира собранието, на период од една година, со право на реизбор. Претседателот на Здружението воисто време е и претседател на собранието.

ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 13
Работата на ОРД е јавна.
Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите, други здруженија/ НВО, или пошироката јавност за работењето и активностите на здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално-финансиското работење и друго.
За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата и интернетот.

ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 14
Здружението остварува средства од:
-членарина;
-донации;
-спонзорства;
-буџет на локалната самоуправа или од Владата на РМ;
-провизии од органи, организации, заедници и од други услуги;
-од трговски друштва;
- од “бизнис секторот“;
-и од други услуги (имотни права и сл).

Член 15
Користење и располагањето со средствата на ОРД добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.

Член 16
ОРД донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението. Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 14 од Статутот, како и расходите за општествена активност, плати на вработените, ако тоа е регулирано по некаков основ, заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоциза работа на здружението и други расходи сврзани со работата.

Член 17
За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и отстранувањее на незаконитостите

УПРАВУВАЊЕ СО ОРД
Член 18
Со ОРД управува организаирано членство на Здружението непосредно или преку свои претставници во органите.
Права и должности на претставникот се:
-претставникот да избира и да биде биран во органите на Здруженито:
-претставникот да предлага решавање на прашања од заеднички интерес:
-да работи на развивање и унапредување на општествените и другите активности кои произлегуваат од Статутот, програмските цели и задачи и од усвоените одлуки и заклучоци;
-да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности;
-да ги застапува интересите и ставовите на Здружението;
-да бара стручна и друга помош од области кои произлегуваат од целите и задачите на ОРД;

ОРГАНИ НА ОРД ОД БИТОЛА

Член 19
Органи на ОРД се:
1,Собрание;
2,Извршен одбор:
3,Претседател;
4,Генерален секретар

Член 20
Собранието на ОРД и сите активни членови на здружението,
Мандатот на претставниците трае 1 години.
Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

Член 21
Седници на Собрание свикува претседателот на Собранието.
Седници на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на Здружението или на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.
Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.
Седница на Собранието за работа на Извршниот одбор може да се свика и по поредлог на надзораната комисија.
Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието

Член 22
Собранието на ОРД од редовите на своите претставници избира Извршен одбор кој е извршен орган на Собранието, на редовни и вонредни собранија.

Член 23
Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број претставници.
Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните претставници.
Во надлежност на Собранието е следното:
го донесува Статутот на ОРД и врши измени и дополнувања на истиот:
избира и разрешува членови на Извршниот одбор (и на други органи кои здружението смета дека треба да формира);
усвојува прграмска ориентација за работа на Здруженито за период од 4 години, операционализирано во Стратешките планови, програми и акциони планови;
го разгледува и усвојува извештајот за работа на на Извршниот одбор помеѓу две собранија;
ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
донесува финансиски план и усвојува завршна сметка на Здружението;
расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
решава за формирање на ограноци на Здружението;
врши и други работи кои прозлегуваат од Статутот и законите

Член 24
Извршниот Одбор на ОРД е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот.

Член 25
Извршниот Одбор на ОРД брои 5 члена.
(претседателот на Здружението присуствува на состаноците на извршниот одбор и има право на глас)
Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 2 години.
Извршниот одбор од своите редови избира подпретседател со мандат од 4 години, но нема право да го промени претседателот доколку сам не достави писмена изјаве дека се откажува од местото претседател.
Претседателот на Извршниот одбор истовремено е и претседател на Собранието на Здружението и тој го претставува и застапува Здружението.
Извршниот одбор, работи и донесува Одлуки, ако во работата учествуваат повеќе од половина од членовите на одборот, со мнозинство на гласови од присутните.

Член 26
Во надлежност на Извршниот одбор е следното:
-ги спроведува статутарните и програмските задачи на ОРД како и одлуките и заклучоците на Собранието:
-донесува и реализира годишна програма за работа;
-предлага измени и дополнување на Статутот;
-донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;
-свикува седници на Собранието и припрема материјали;
-именува и разрешува секретар на Здружението;
-донесува одлуки за формирање на постојани и повремени комисии, и ја насочува нивната работа;
-организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;
-донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;
-донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;
-дава согласност на Правилникот за организацијата на работите и работните задачи на стручната служба на ОРД;
-донесува одлуки по приговори и жалби;
-врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 21:02

Член 38
Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување.
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty29.11.08 21:07

Ете готов е статутот остана само да се договориме за член 7, и да се собериме. Значи ајде прво за член 7 и тој што е заинтересиран директно за да биди во основачите на здружението нека се пријави па да се договориме за средба. На средбата ќе ги разрешиме другите прашања и целосната документација на оранизацијата, исто ќе назначиме и секретар кој ќе отвори и жиро сметка на име на организацијата. Зарем не сте среќни. на пола пат сме дечки Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 592735
и ајде одмене да наздравиме малку за добро свршената работа da ziveeme
Вратете се на почетокот Go down
RiD-admin
Web Administrator
Web Administrator
RiD-admin


Female
Број на мислења : 734
Поени : 30311
Registration date : 2007-11-12

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty30.11.08 2:19

пробав да ги спојам постовите во еден, ама очигледно не ми успеа...само еден дел има
ќе мора да го прекуцате делот кој ви недостига, но само во една порака...не да бидат 20 страни...
Вратете се на почетокот Go down
https://roditeliideca.macedonianforum.net/
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty30.11.08 9:27

значи продолжувам од член 27 до член 36
Член 27

Извршниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.
Извршниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.
Седницата на Извршниот одбор ја свикува Претседателот.
Предлог за свикување на Извршниот одбор може да поднесе една половина од Извршниот одбор, една третина од претставниците на Собранието, по предлог на надзорниот одбор и секретарот на Здружението.
Со седницата раководи и претседава претседателот, а во негово отсуство член кој ќе го избере Извршниот одбор.
Начинот на свикување на седницата и работењето на Извршниот одбор се уредува со Деловник за работа;

Член 28

Заради извршување на статутарните и програмските задачи и одлуки на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот Одбор формира надзорна комисија и други работни тела.
Надзорната комисија врши контрола над спроведувањето на одредбите од овој Статут и контрола за наменското располагање со средствата и приходите на ОРД.
Своите наопди и одлуки Надзорната комисија ги доставува до Собранието и Извршниот одбор на ОРД од Битола.


СТРУЧНА СЛУЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕТО


Член 29

За извршување на административно–стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на ОРД, се формира Стручна служба.

Член 30

Правата и обврските и одговорностите за работа на вработените во Стручната служба ги утврдува секретарот на ОРД во согласност со законските норми и Статутот.

Член 31

Средствата за работа на стручната служба се определуваат со Финансиски план секоја година и тоа: средства за плати, средства за заедничка потрошувачка, средства за материјални трошоци, средства за посебна намена за нормално извршување на функцијата.

Член 32

Со Стручната служба на ОРД раководи генерален секретар.
Секретарот го именува и разрешува Извршниот одбор согласно условите кои се утврдени со посебна одлука.
Секретарот на стручната служба во исто време е и секретар на ОРД..
Секретарот правото од работен однос, ако има услови за тоа, го остварува во ОРД, во Стручната служба, а за извршувањето на својата работа одговорен е пред Извршниот одбор.

Член 33

Права, обврски и надлежности на секретарот:
-секретарот на стручната служба раководи со работата на стручната служба;
-секретарот е работоводен орган и ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи;
-секретарот е наредбодател и потписник на сметката на Здружението;
-секретарот е одговорен за извршувањето на Финансискиот план и Програмата за работа;
-се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Извршниот одбор;
-во правниот промет презема мерки и дејствија во има и за сметка ОРД;
-се грижи за правилна примена на Законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението;
-склучува договори, спогодби во има и за сметка на ОРД.


ПРЕСТАНОК НА РАБОТАТА НА ОРД


Член 34

ОРД ќе престане со работа ако:
-затоа одлучат членовите на Здружението,
-ако боројот на членовите се намали под бројот определен за основање,
-ако настапат причини утвредни по член 52 од Законот.
Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.

Член 35

По престанок на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на хуманитарни организации за кои одлучува извршниот одбор

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 36

Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на ОРД, а помеѓу две собранија, Извршниот одбор на Здружението.
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty30.11.08 9:30

леле админ само работа плус. ама ете нема гајле се е завршено. само уште член 7 да се реши.
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски мастер
Форумски мастер
Emi


Female
Број на мислења : 7238
Age : 40
Локација : domce so nence
Расположение : ok
Поени : 31111
Registration date : 2007-11-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty30.11.08 13:15

ти си од битола, кој е друг од таму?
за да бидете на едно место...пошто ти ја истерава работава до пола може да бидеш ете ти претседател а секретар не е битно од кој град, и каде да се видиме во ск?
за член 7 ќе пишам вечер ако имам временце
Вратете се на почетокот Go down
jasmina i ace
Полуматурант
Полуматурант
jasmina i ace


Female
Број на мислења : 558
Age : 40
Локација : bitola
Расположение : promenlivo
Поени : 28608
Registration date : 2008-10-17

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty30.11.08 13:19

jasmina e od Bitola
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty30.11.08 13:45

eve i sanja e od tuka ama da ne se porodi so znam
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty30.11.08 13:46

ami jas posekako sk planiram da idam trebashe ovaa nedela ama malku odlozivme znachi do 4 bi trebalo da dojdam. a so jasmina lichno kje se vidam i so sanja ako mozam
Вратете се на почетокот Go down
georgina
Прваче
Прваче
georgina


Female
Број на мислења : 371
Age : 49
Локација : Negotino
Поени : 28835
Registration date : 2008-08-02

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty30.11.08 14:41

Цели и задачи:
- Посебна заштита на родителите утврдена со Законот;
- Посебна заштита на децата утврдена со Законот;
- Да се залага за подигање на свеста во општеството за похуман однос кон родилките;
- Да се залага за зголемување на траењето на породилното боледување;
- Да се залага за контрола на квалитетот на увезените детски прехрамбени продукти;
Сега немам време за повеќе, ќе напишам вечер.
Вратете се на почетокот Go down
macush88
Прваче
Прваче
macush88


Female
Број на мислења : 309
Age : 35
Локација : Bitola
Расположение : 5ка
Поени : 28743
Registration date : 2008-08-19

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty30.11.08 18:36

lele super ova bravos
Вратете се на почетокот Go down
georgina
Прваче
Прваче
georgina


Female
Број на мислења : 371
Age : 49
Локација : Negotino
Поени : 28835
Registration date : 2008-08-02

Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty01.12.08 17:54

Нови цели и задачи:
- Ќе се залага за поголем број на ИВФ финансирани од Фондот за здравствена заштита;
- Едукација на младите за заштитата од несакана бременост и сексуално преносливите болести;
- Да врши консулстативно - советодавна работа за сите граѓани на Р. Македонија;
- Да овозможува лична надградба на своите членови преку организирање семинари, советувања и обржезбедува стручна литература;
- Да изработува брошури, прирачници и друг материјал;
- Да учествува во расправите и дискусиите по законите и и другите подзаконски акти од значење за заштитата на родителите и децата;
-Ќе се залага за мир и мирољубива коегзистенција , за креирање на културата на мирољубивост и ненасилност со ненасилни методи на јавно дејствување;
Ова сега за сега ми текнува ако има упте нешто нека дополни некој друг. Ако ми текне и мене ќе напишам.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Иницијатива за формирање на здружение   Иницијатива за формирање на здружение - Page 6 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Иницијатива за формирање на здружение
Вратете се на почетокот 
Страна 6 of 7Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Живот :: Хуманоста на дело-
Отиди до: