Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Првиот македонски семееен форум
 
HomeHome  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  
Portal
Родители и деца
Влез
Член:
Лозинка:
Логирај ме автоматски на секоја моја посета: 
:: Си ја заворавив лозинката!
Мај 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
CalendarCalendar
Барај
 
 

Display results as :
 

 


Rechercher Advanced Search

 

 Храна против несоница и мамурлак

Go down 
2 posters
АвторПорака
Emi
Форумски мастер
Форумски мастер
Emi


Female
Број на мислења : 7238
Age : 40
Локација : domce so nence
Расположение : ok
Поени : 31096
Registration date : 2007-11-19

Храна против несоница и мамурлак Empty
ПишувањеПредмет: Храна против несоница и мамурлак   Храна против несоница и мамурлак Empty11.08.08 23:07

ХРАНА ПРОТИВ НЕСОНИЦА
Во времето во кое живееме,
полно со стресни ситуации, беспарица, бескраен работен ден, недела,
месеци, па и години, мирниот и цврст сон е појава што се поретко се
јавува во животот на денешниот човек.
Кога веќе навечер лошите вести од весниците и телевизиите не можат
позитивно да влијаат на вашиот мирен сон, тогаш е потребно барем со
соодветната исхрана, одморени и спокојни да го дочекате новото утро и
новиот работен ден.
Еве неколку совети каква храна е пожелна, а каква не, за лицата кои патат од несоница.
Па така, овие лица би морале да ги избегнуваат чоколадото, кафето,
разните крци и апетисани, лутата, солената и кон­зервираната храна.
Од друга страна, за лесен сон се препорачуваат тестенини, ориз, леб,
јачмен, варени јајца, месо, риба, младо сирење и различен зеленчук.
Овие видови храна во себе содржат амино киселини, кои го поттикнуваат
лачењето на серотонинот, инаку невропреносник вклучен во процесот на
спиење и помнење.
Салатата, лукот, кромидот, репката и зељето исто така имаат смирувачки својства што го олеснуваат сонот.
Кон храната што го олеснува сонот спаѓа и чаша топло млеко, кое одлично
делува за ублажување на нервозата и несоницата, но и ја намалува
киселината во желудникот.
Колаче полно со обични јагленихидрати и шоља чај засладен со мед ќе го опуштат мозокот.

СО ХРАНА ПРОТИВ МАМУРЛАК
Љубителите на добрата и обилна капка треба превентивно да го подготват
организмот за цело­дневното или целовечерното конзумирање алкохол.
Пред излегување задол­­­­­ж­и­телно напијте се витамин Ц. Исто така
пожелно е да створите ткн. тенок филтер од мрснотија во организмот, за
да пијалокот подобро ви легне. Идеално за тоа е маслиновото масло во
која било комбинација.
Доколку јадете систематски и полека, можете да пиете практично со
часови, се разбира доколку притоа не конзумирате лоши ракии полни со
метил алкохол, лоши и матни вина или други несоодветни алкохолни
пијалоци.
Кисели јадења, како што се сармите од расол, или кисела чорба во
ситните саати, исто така можат да го развеселат организмот и да
делуваат превентивно.
Ако не сте се придржувале кон овие упатства и вечерта сепак сте
претерале во секој поглед, се разбира утрото следи мамурлак. Во главата
ви е матно, во желудникот ви е тешко и непријатно, а денот пред се би
го поминале во кревет.
И додека вам “ни на крај на памет” не ви е до каква било активност,
поборниците на теоријата “чивијата со чивија се избива”, продолжуваат
да го пијат истиот пијалок што ги довел во таквата состојба, меѓутоа
проблемот со оваа теорија е што на крајот секогаш останува по еден
“клин закован”.
Значи ако сте претерале со алкохол, во вашиот организам има моментален
недостаток од витамините Ц, Б, А и од магнезиум.
Овие есенцијални потреби треба да ги земете преку храна, што не смее да
биде мрсна, за да не се забави прочистувањето на организмот. Храната
воедно не смее да содржи силни зачини, за да не дојде до натамошно
дразнење на желудникот.
Пожелно е првиот оброк што ќе го земете да биде супа, лесно сварлива за
да може организмот побргу да се прочисти, и истата да биде полна со
витамини.
Најдобри се супите со многу зеленчук и темнозелен зеленчук, а
опоравувањето може да биде поуспешно и со грицкање суви смокви, бадеми,
разни семки и јаболко.
Народната медицина вели дека за мамурлакот помагаат јаболков оцет и расолница.
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски мастер
Форумски мастер
Emi


Female
Број на мислења : 7238
Age : 40
Локација : domce so nence
Расположение : ok
Поени : 31096
Registration date : 2007-11-19

Храна против несоница и мамурлак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Храна против несоница и мамурлак   Храна против несоница и мамурлак Empty03.10.08 20:40

За добро расположение: интегрални житарки млечни производи Против мрачни мисли: киви, банана, оревиТемна чоколада за: подобра состојба на мозокот
Вратете се на почетокот Go down
sonja colakova
Полуматурант
Полуматурант
sonja colakova


Female
Број на мислења : 577
Age : 45
Локација : skopje
Расположение : љубопитно
Поени : 28673
Registration date : 2008-09-14

Храна против несоница и мамурлак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Храна против несоница и мамурлак   Храна против несоница и мамурлак Empty21.10.08 9:00

едноставен лек, одличен за сите возрасти е хмељот, бидејќи е ефикасен лек за успивање без пратечки контраефекти. употребувајте го во вид на чај во комбинација со маточина и лаванда. јагликата е традиционално ефикасен лек за инсомниа која се јавува со вознемиреност. Земете сируп 20 до 30 капи во топло млеко пред спиење.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Храна против несоница и мамурлак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Храна против несоница и мамурлак   Храна против несоница и мамурлак Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Храна против несоница и мамурлак
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Мојот дом :: Гастрономија-
Отиди до: