Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Првиот македонски семееен форум
 
HomeHome  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  
Portal
Родители и деца
Влез
Член:
Лозинка:
Логирај ме автоматски на секоја моја посета: 
:: Си ја заворавив лозинката!
Април 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930     
CalendarCalendar
Барај
 
 

Display results as :
 

 


Rechercher Advanced Search

 

 Препорачај книга

Go down 
АвторПорака
Big Sister
Web Administrator
Web Administrator
Big Sister


Female
Број на мислења : 2268
Age : 51
Локација : Skopje
Расположение : весело
Поени : 30253
Registration date : 2007-11-15

Препорачај книга Empty
ПишувањеПредмет: Препорачај книга   Препорачај книга Empty24.02.21 11:49

„Куќа на гласовите“ - Донато Каризи

Пјетро Гербер е психилог кого го нарекуваат „Заспивач на деца“ поради неговата способност со хипноза да продре до најскриените тајни на детската психа и да ги открие најдлабоките тајни кои ги кријат неговите клиенти- деца, жртви на некакво насилство.
Но кога ќе добие понуда од колешка од Австралија, да работи со Хана Хол, која е возрасна личност. Хана како малечка живеела со родителите на разни места во „куќи на гласовите“ и под различни идентитети. Пјетро треба да ѝ помогне да ја открие вистината за тоа девојче и дали навистина го извршило убиството за кое има некакви сеќавања.
Каризи овој пат ме освои со овој психилошки трилер. Страните „летаа“ една по една додека го читав, и колку ѝ да се обидував да предвидам некои работи не ми успеваше. Секој пат следуваше изненадување.
А книгава ќе си поигра со вашиот мозок до тој степен, што ќе ве натера, како дете, навечер да „скокнете“ во кревет од страв да не има некој под него. Smile
5 од мене
Вратете се на почетокот Go down
Big Sister
Web Administrator
Web Administrator
Big Sister


Female
Број на мислења : 2268
Age : 51
Локација : Skopje
Расположение : весело
Поени : 30253
Registration date : 2007-11-15

Препорачај книга Empty
ПишувањеПредмет: Re: Препорачај книга   Препорачај книга Empty24.02.21 11:50

„Најдобри пријатели“ - Лусинда Бери

Кендал, Дани и Линдзи, три другарки од детството, сега веќе мажени со семејства, живеат како соседки. А пријателството го продолжуваат и нивните тројца синови кои се на иста возраст (имаат и други деца на различни возрасти).
Сѐ до кобната вечер кога нивните синови се собрани во домот на Дани и едното момче е убиено, другото останува живо, но е приклучен на апарати и вегетира, а третото не зборува од шокот, само има повремени испади на паника и страв.
Книгата е раскажана низ приказните на трите мајки, кои наизменично се менуваат низ поглавјата.
Воведот ќе ве стресе до коска и е неверојатно ветувачки дека ве очекува возбудлив трилер. Иако е на англиски читањето не беше проблем оти е стилот на пишување е лесно разбирлив и читлив.
Но, како читате, сѐ паѓа во вода кога ќе наидете на недовршени приказни и настани. Навестувања за тајни и случки кои никогаш нема да ви се разјаснат, затоа што писателката не се ни труди да даде објаснување.
А епилогот не дава целина на книгата туку ви се чини дека е туку-така залепен колку да даде некаква "wow" завршница.
Од мене 2
Вратете се на почетокот Go down
Big Sister
Web Administrator
Web Administrator
Big Sister


Female
Број на мислења : 2268
Age : 51
Локација : Skopje
Расположение : весело
Поени : 30253
Registration date : 2007-11-15

Препорачај книга Empty
ПишувањеПредмет: Re: Препорачај книга   Препорачај книга Empty24.02.21 11:50

„Совршената мајка“ - Ејми  Молој

Група мајки кои се нарекуваат "Мајски мајки" затоа што се породиле во мај, се собираат на дружби во блискиот парк и споделуваат искуства од бременоста и потоа породувањето, чувањето деца и сл. Сѐ додека една вечер решат да излезат во бар и тогаш на едната од нив ќе ѝ исчезне бебето.

Зошто оцена 3,5?
Почнува интересно, ве привлекува да читате, до моментот кога ќе се случи изчезнувањето и тогаш почнува на моменти да ви е здодевно и збунувачки.

Авторката совршено испраќа порака дека не постои Совршена мајка, преку сите сомневања во себе, грижи околу чувањето на бебињата, почнувањето на работа, грижа за сопствениот изглед по породувањето, споредувањето на своетоо со туѓо бебе и сл., кои ги доживуваат мајките.
Но, кога преминува во трилер, тука како да се изгуби.

Се појавуваат многу ликови кои збунуваат, па едно време не знаеш кој лик што раскажува. И по неколку пати се враќав да препрочитам некои работи.

Она што ме збунуваше е Вини, мајката чие дете е исчезнато, како да ја снема во вториот дел од книгата. Каде е нејзината болка, нејзината борба да си го најде бебето?
Главните ликови стануваат детективи во случајот, а најупорна е Френси која и ќе ризикува најмногу за да дојде до некаква трага.
Дури и обидот да се навлече сомнеж на мајката е некако млак.

А крајот е така ужасно склопен што останав со прашалници - па дали е можен ваков завршеток.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Препорачај книга Empty
ПишувањеПредмет: Re: Препорачај книга   Препорачај книга Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Препорачај книга
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Живот :: Сакам книги-
Отиди до: