Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Првиот македонски семееен форум
 
HomeHome  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  
Portal
Родители и деца
Влез
Член:
Лозинка:
Логирај ме автоматски на секоја моја посета: 
:: Си ја заворавив лозинката!
Април 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930     
CalendarCalendar
Барај
 
 

Display results as :
 

 


Rechercher Advanced Search

 

 Правилник на форумот

Go down 
АвторПорака
Big Sister
Web Administrator
Web Administrator
Big Sister


Female
Број на мислења : 2268
Age : 51
Локација : Skopje
Расположение : весело
Поени : 30253
Registration date : 2007-11-15

Правилник на форумот Empty
ПишувањеПредмет: Правилник на форумот   Правилник на форумот Empty20.12.20 23:13

1. Учеството на форумот е слободно и бесплатно. Дозволено е учество за сите полнолетни лица (18 год. нагоре) од просторите на бивша Југославија, од дијаспората, како и секој кој го знае официјалниот јазик кој се користи на овој форум - македонскиот. Освен македонски може да се пишуваат и пораки на јазици од поранешните ЈУ републики, кои се разбирливи за повеќето членови на форумот. Доколку текстот е на англиски, германски или друг странски јазик,кој не е разбирлив за повеќето членови, задолжително да има превод. Отстапка е дозволена во форумите книжевност, уметност и категоријата забава и хумор (вицови, зезалици и слично)каде може да се оставаат текстови на странски јазици без превод.

2.Пожелно е да ги пишувате пораките на кирилица.

3. Пишувањето пораки, односно активно учество на форумот можно е само за регистрираните корисници. Содржината на пораката од секој член е личен став на авторот на истата.
Администраторите и модераторите на форумот не даваат никакви гаранции за точноста, вистинитоста, законитоста, полноважноста, квалитетот, постојаноста, комплексноста и актуелноста на пораките на форумот.

4 . Немојте да пишувате текст ИСКЛУЧИВО СО ГОЛЕМИ БУКВИ или да ја нагласувате целата порака на било кој начин (болдирано, италик, потцртано), бидејќи тоа на форумите се смета за викање. Ако сакате да нагласите дел од текстот користете ги опциите болд, италик, потцртано, друга боја на текстот...И не претерувајте со употреба на смешковци. Smile

5. Немојте непотребно да цитирате цели пораки. Цитирајте ги деловите од пораките на кои се однесува вашиот одговор. Ако пораката на која одговарате е веднаш над вашата, нема никаква потреба да се цитира. Со без потребно цитирање форумот станува непрегледен. Ако цитирате порака која веќе содржи во себе цитат, задолжително избришете го тој дел.

6. Копирањето текстови од други сајтови е во ред, но само ако е потребно дополнително да се илустрира текстот кој го пишувате во пораката. Не е дозволено да се поставуваат пораки кои се само копија од некој текст.

Администраторите на форумот не ги штитат авторските права на било кој начин. Ова се однесува на текстови од корисниците и на преземените пораки. Корисникот кога пренесува нечиј текст задолжително да го наведе авторот и изворот.


7. Забрането е:

- Да се користат провокативни  вулгарни прекари (nick),аватари и потписи (signatures)

- Да се напаѓаат или навредуваат корисниците на форумот по национална, верска, географска, расна или некоја друга основа.

- Да се истакнуваат национална, верска, географска или расна припадност, материјална состојба и слично, како својата така и на другите корисници.

- Да се поставуваат пораки кои содржат лични податоци од друг корисник на форумот или било која друга личност.

- Да се поставуваат приватни пораки на форумот јавно, без дозвола на авторот на тие пораки.

- Да се поставуваат пораки со кои се кршат нечии законски, патентни, авторски или други права.

- Било каква злоупотреба на форумот или членовите.

- Пријавување и учество на форумот само поради промоција на ваш сајт или бизнис. Сите вакви пораки ќе бидат избришани, а членовите банирани.

- Испраќање на приватни пораки на членовите за реклама на други сајтови и форуми. Членовите кои ќе добијат вакви пораки треба да им се обратат на администраторот или модераторите на форумот .

- Забрането е анкетирање на членовите за потребите на вашите истражувања или бизнисот со кој се занимавате.

- Давање на своето корисничко име и шифра на користење на некој друг. Секој може да се регистрира и учествува на форумот.

- Вулгарно изразување.

- Линкување до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страници кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на "Родители и деца" и членовите.

- Повеќекратно регистрирање - отворање повеќе налози за учество на форумот. Доколку имате проблем со регистрација или логирање искористете ја опцијата за контакт со администраторите на сајтот преку праќање мејл за таа намена.

8. Администраторите и модераторите имаат ексклузивно право да го уредуваат форумот според сопствените убедувања, слободна процена и не се должни да даваат објаснувања ниту да се правдаат за своите постапки и акции.

9. Ако некој корисник се однесува во спротивно со Правилникот и упорно ги повторува истите грешки по неколку предупредувања ќе биде баниран, односно ќе му биде забранет пристапот на форумот.

Тоа е крајната мерка, кога веќе ништо не може да помогне. Администраторите го задржуваат правото да ја применат оваа мерка веднаш доколку некој корисник се однесува крајно недолично.

10. Сите членови и модератори на форумот мораат да се придржуваат на овој Правилник, онаков каков е во моментот. Тие можат да предложат промени и дополнувања на Правилникот. Администраторите на форумот решаваат за прифаќање или не на тие предлози. Секој прифатен предлог се објавува јавно со соопштение на форумот.

11. Администраторите на форумот имаат право во исклучителни случаи да отстапат од овој Правилник, но само ако тоа е во интерес на форумот и неговите членови.

Доколку не се сложувате со овие правила, најљубезно ве молиме да не го посетувате овој форум, или барем на пишувајте пораки на него.

12. Кога пишувате порака, имајте на ум дека е ЈАВЕН форум. Голем дел од темите можат да ги читаат и незачленети, односно гости.

Покрај тоа можат да бидат преземени одредени делови и копирани. Значи ако има нешто кое не би сакале било кој да го знае, НЕ ГО ПИШУВАЈТЕ.

Сè што ќе биде овде напишано е во сопственост на форумот и вие со пишувањето му ги отстапувате на уредувачкиот тим не ексклузивните права да прави што сака (брише, копира, уредува, адаптира....)

14. Забрането е поставување линкови кон други форуми и сајтови со цел реклама на сајтот. Како и линкови вo потписот. Во профилот постои опција - Мој сајт- каде можете да го вметнете линкот.

15. Уредувачкиот тим на сајтот „Родители и деца„, не сноси никаква одговорност за содржините објавени од корисниците, како и за нивните искажани ставови.

16. Уредувачкиот тим на сајтот го задржува правото да го модифицира и апдејтува Правилникот по потреба.

Со почит,

Администрацијата на  „Родители и деца„
Вратете се на почетокот Go down
 
Правилник на форумот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Вовед :: Правилник-
Отиди до: