Tivona Почетник
Број на мислења : 27 Age : 44 Локација : MKD Расположение : OK Поени : 26457 Registration date : 2009-11-27
| Предмет: Цицање на палецот 03.12.09 0:45 | |
| Мојата ќеркичка која има 2год. има навика да го цица палецот. Тоа го прави од кога е родена, и тоа кога ќе и се приспие или кога плаче за да си се смири. Почнува мн да ми смета таа нејзина навика, затоа што знам дека може да предизвика одредени деформитети на забите и устата, а и други последици. Имате ли некој совет кога и како да ја одвикнам? Кои се вашите искуства? | |
|
Kinky Апсолвент
Број на мислења : 3810 Age : 48 Локација : во земјата на чудата Поени : 29909 Registration date : 2008-08-26
| Предмет: Re: Цицање на палецот 03.12.09 8:34 | |
| Еве што пишав на една друга тема на една членка во врска со грицкањето нокти ама истото важи и за вас зашто и ние цицавме прстиња: - Kinky напиша:
- Алексеј ги цицаше прстињата до пред месец ипол. Се разболе и непцето му беше толку отечено што не можеше ни водичка да пие а камо ли прсте да стави во уста. Тогаш се одвикна. Пред тоа го носевме и по педијатри и по дерматолози и со Весна психологот на форумот разговаравме. Сите ни рекоа дека е премногу мал за било што хемиско да се стави на прстињата. Значи да се проба со се што е природно а има горчлив, лут, кисел вкус. Ние му мачкавме лута пиперка и лук ама немаше некој ефект.
Еми, Милена е женско, пробај да ја залажеш на друг начин. Купи и детски лак, тие се на водена основа и не се штетни, не се ни скапи, налакирајте ги ноктињата, кажувајте и колку е убава, колку е типка со лакирани ноктиња, дека треба да ги чува за да не и се извади лакчето. Сама нека си одбере боја, ги има светкави, еднобојни, шарени, секакви. Ако имаш време залепи и од оние цветчиња, украси за нокти за да и изгледаат поубаво, можеби ќе почне сама да ги чува и пази ноктињата... И советите кои ти ги кажа Весна, јас ве читав двете и психички се спремав да го пробам сето тоа што го напиша Весна. Ама силом прилике Алек се одвикна. Само стрпливо. Нешто што го правела со месеци нема така лесно да го остави преку ноќ, поготово ако ја смирува или ако и е некаква утеха кога е тажна, сама (без мама), нервозна... Пробајте поинаку да ја канализирате таа нервоза или напнатост (ако ја има), со играње, спорт, цртање, читање... било што што и пружа задоволство. И гушкајте се многу, многу, многу, многу, кажувајте и дека ја сакате постојано. Таа си знае, гледа, осеќа, ама поинаку е кога ќе чуе од мама и тато - те сакам сине, прекрасна си. А на линков https://roditeliideca.macedonianforum.net/forum-f33/topic-t1695.htm?highlight=%e3%f0%e8%f6%ea%e0%9c%e5 имаш тема за грицкање нокти па прочитај ја, можеби ќе најдеш некој совет за вас | |
|
mamaAnita Прваче
Број на мислења : 189 Age : 46 Локација : Скопје Расположение : одлично Поени : 26962 Registration date : 2009-09-17
| Предмет: Re: Цицање на палецот 03.12.09 8:46 | |
| Една колешка ми кажуваше дека ја одвикнала ќерка и со врзување завој на палецот, но кога била помала. Твоево незнам дали ќе сака, може сама да го вади завојот. Можете да пробате и со ханзапласт | |
|
Tivona Почетник
Број на мислења : 27 Age : 44 Локација : MKD Расположение : OK Поени : 26457 Registration date : 2009-11-27
| Предмет: Re: Цицање на палецот 03.12.09 15:05 | |
| @Kinky, ти благодарам за линкот, ја разгледав темата и вистина гледам има некое средство кое помага во одвикнување од навиките како грицкање нокти и цицање на палецот, само што е за деца поголеми од 3 год., така да ќе си почекаме уште малку за да го пробаме, ако во меѓувреме не се одвикнеме. @mamaAnita, имам пробано и со завој и со ханзапласт, ама знае и умешно си го ослободува палчето, дури не ми се веруваше! Ве поздравувам... | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Цицање на палецот | |
| |
|