Илина авокадо јаде секој ден. Ако нема авокадо во појадокот, не го јаде. Вчера во 21,00 бевме да купиме, за да има за сабајле. Веќе пишував... Секое сабајле истото: Нестле јуниор во 90мл. вода + 8 житарки на Нестле + 1/4 авокадо. Ова мора да го има, а и ставам и плус уште некое овошје, ама малку, за да не и го промени многу вкусот, бидејќи нема да го изеде.
Мангото мене лично ми е повкусно, ама на Илина сеуште не сум и дала. Авокадо и дадов, кога ништо не сакаше да јаде, па морав да експериметирам, а за авокадото прочитав дека може да се дава како прво овошје на бебињата и дека е многу хранливо.
Е сега за токсичноста и зрелоста на авокадото го знам ова: лушпите, листовите и семките може да бидат фатални за животните. Кај луѓето само може да се јави алергија. Инаку авокадото го берат незрело, го прскаат со етилен за побрзо да созрее, а може да се чува до јаболки и банана бидејќи тие ја ослободувале таа супстанца.
За дека незрелото авокадо е отровно, првпат слушам. И за зрелоста и кафената боја баш не ми е јасно. Има некои видови на авокадо потемнуваат до кафена боја, некои до темно зелена. Битно е да не се камен тврди. Јас на Илина и давам средно созреано, бидејќи едно го јаде 4 дена, па си дозрева. Инаку кога ќе се расече, гледам да е путер боја.