Здраво! Мајки помагајте, дајте ми некој совет.
Моето бебе уште од болница започнав да го дојам. Сега имаме 20 дена и бидејќи има грчеви му давам и чај бекутан 100гр. во текот на цел ден да испие. Но, од синоќа како малце да му се поремети редот на јадење. Претходно навечер цицаше еднаш до два пати, а синоќа ми се разбуди три пати и бараше да цица. Му дадов и откако ќе се нацица, сам ја фрла градата, мисслам ја пушта брадавицата и заспива на градата. Го ставм на креветот и после пет минути се буди и плаче, и ја врти главата на страна и пак бара да цица. Пак го ставам на другата града, овој пат, и пак цица ама мрзливо некои пет минути и потоа се лигави на градата и пак заспива. Утрово продолжи пак исто. Еве сега го надоив и заспа за прв пат денеска, што претходно не беше случај. Да видам сега колку време ќе спие.
Е сега се прашувам да не случајно не му е доволно моето млекце? Дали да земам адаптирано млеко и да почнам да го дохранувам, барем еднаш до два пати дневно? Ме загрижува многу сето ова, а и не напредува досега којзнае колку. Отприлика едно 300 гр. има само качено одкога е родено до сега. На 28 имаме контрола на месец дена возраст, па ќе видам точно колку напреднал. Ама како што цица вака, не ми се допаѓа ич, се плашам да не ослабне многу. Како знаете дали му е доволно мајчиното млеко на бебето? Дали да почнам да го дохранувам и какво млеко да купам, кое е најдобро?