Ние дома сите тројца (мајками, таткоми и јас) имаме перници на симпо со мемори пена.
Презадоволни сме. Има три величини, мала средна и голема. Димензиите им се следни.
36 x 13/10 x 53
31 x 9/7 x 46
26 x 7/5 x 38
Јас и мајками имаме средна а таткоми голема. Инаку ги имаме од август некаде и приметивме дека мајками не крчи од кога спие на оваа перница
a јас имав ужасни болки во вратот инаку имав перница од нашите на Калина што се. Сега ќе видиме како ќе биде зошто мене вчера на подарок ми ја донесоа перницата и само еднаш до сега имам спиено на неа
Топло ви ги препорачувам. Инаку ги има во симпо, средната е 1250 мислам а големата дали 1500 дали 1600 имам заборавено. Доаќаат заедно со памучна навлака. Ние сепак одозгоре и врз таа навлака ставивме обични навлаки за убаво да е заштитена перничката.