Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Како гостин форумот можете само да го читате. За да учествувате во дискусиите морате да се зачлените.
Доколку веќе сте член, логирајте се.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Првиот македонски семееен форум
 
HomeHome  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  
Portal
Родители и деца
Влез
Член:
Лозинка:
Логирај ме автоматски на секоја моја посета: 
:: Си ја заворавив лозинката!
Мај 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
CalendarCalendar
Барај
 
Display results as :
 
Rechercher Advanced Search

 Генетски модифицирана храна!

Go down 
2 posters
АвторПорака
Sanja_Ivana
Полуматурант
Полуматурант
Sanja_Ivana

Female
Број на мислења : 962
Age : 40
Локација : Skopje
Расположение : Onaka
Поени : 29653
Registration date : 2008-05-09

Генетски модифицирана храна! Empty
ПишувањеПредмет: Генетски модифицирана храна!   Генетски модифицирана храна! Empty09.03.09 8:27

Генетски модифицирани организми

Што се тоа генетски модифицирани организми?

Генетски модифицирани организми (ГМОи) се организми во кои генетскиот
материјал е променет на начин кој природно не се случува со процесите
на размножување и/или природна рекомбинација, вклучувајќи ги и
микроорганизмите со исклучок на човечките суштества.

Што е тоа генетски модифицирана храна?

Генетски модифицираната храна се добива со вметнување на генетски
материјал (ДНА) од еден вид на друг, со техниките на генетскиот
инженеринг. Ова овозможило пренос на посакуваната карактеристика од
еден на друг вид кои не се во сродство или можеби помеѓу животни и
растенија. На пример, ген кој функционира како антифриз земен од
поларна риба е вметнат во домати и јагоди за да им оневозможи
смрзнување. Свињи во кои е вметнат ген од човек растат побрзо и по
ефективно.

Што е тоа генетски инженеринг?

Генетски модифицирана храна! Opsto2
Генетски инженеринг (ГИ) е нова технологија која овозможува
манипулација со гени. Научниците можат да пренесат ген од еден вид на
друг несроден вид (од животни на растенија и слично), со цел добивање
на ново својство или својства благодарение на „јазикот на гените“–
генетскиот код.

Пример за ова се жетви кои се отпорни на вируси со додавање на вирусен
ген. Во САД се одгледуваат тикви отпорни на вируси– повеќето од нив се
користат во производството на храна за бебиња. Дозволи за одгледување
на вирусно резистентни краставици, лубеници, дињи, компири, сончогледи,
домати, пиперки и друго се издаваат во САД и покрај тоа што со
лабораториски експерименти е утврдено дека истите овозможуваат појава
на нови вируси – многу поопасни од оние од кои жетвите се штитат.

ГИ е технологија која најмногу се користи во индустриското земјоделство. Во 2000 година:

- само 5 меѓународни компании доминираа во целиот биотехнички бизнис во земјоделството;
- 98% од генетски модифицирани жетви се одгледува во САД, Канада и Аргентина;
- Доминираа 2 особини: повеќе од 70% од сите жетви со генетски
модифицирани организми (ГМО) одгледувани низ целиот свет се растенија
отпорни на хербициди, повеќе од 20% се растенија отпорни на штетници.

Дали постои ризик по Вашето здравје?

- Со консумирање на ГМ храна можна е појава на алергиски реакции на
Вашиот организам, кои се многу често третирани како алергии со нејасно
потекло;
- Можна отпорност кон антибиотици;
- ГМ храната може да има токсичен ефект.

Што значат Генетски Модифицираните организми за природата?

Генетски модифицирана храна! Opsto1
- Го нарушуваат биодиверзитетот во природата, бидејќи ГМ посевите
стапуваат во интеракција со природната флора и фауна. Се размножуваат,
мутираат, го напаѓаат околниот жив свет и го уништуваат. ГМ растенијата
предизвикуваат стерилност на почвата и неможност за одгледување на
конвенционална и органска храна.
- Го уништуваат живиот свет, бидејќи ГИ создава растенија резистентни
на инсекти, со испуштање токсини од бактерии во почвата, со што се
уништуваат пчелите, пеперутките и останатите инсекти кои нормално се
зависни од природните цветови.
- Повеќе од две-третини од досега произведените ГМ растенија прогласени
се за немилосрдни убијци поради хербицидното дејство врз одгледување на
околните конвенционални и органски растенија.

Што работи Еко-свест?

Еко-свест се обидува да ја подигне јавната свест на граѓаните на
Македонија за потенцијалните ефекти на генетски модифицираните
организми по животната средина и човековото здравје. Тоа го постигнува
со реализација на проекти, кампањи и активности.
Друга цел кон која е насочена нашата работа е усвојување на закон за
генетски модифицирани организми во Македонија, кој ќе одговара на
законот во ЕУ, но ќе биде прилагоден на околностите во нашата држава,
како и усвојување на дополнителни регулативи (подзаконски акти) со кои
ќе може да се применуваат одредбите во законот.
Еко-свест ја промовира идејата за декларирање на зони слободни од ГМО во Македонија.
Вратете се на почетокот Go down
Sanja_Ivana
Полуматурант
Полуматурант
Sanja_Ivana

Female
Број на мислења : 962
Age : 40
Локација : Skopje
Расположение : Onaka
Поени : 29653
Registration date : 2008-05-09

Генетски модифицирана храна! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генетски модифицирана храна!   Генетски модифицирана храна! Empty09.03.09 8:28

Родители внимавајте: се продава и генетски модифицирана бебешка храна!

Од Еко
свест предупредуваат дека ваквата состојба е резултат на фактот што во
Република Македонија се уште не постои законска обврска за
произведувачите и увозниците на хранливи производи да ја етикетираат
ГМО храната. Според законот во земјите-членки на ЕУ, на етикетата на
секој производ мора да стои дали истиот содржи ГМО, во колкав процент и
потеклото на вметнатиот ген

Генетски модифицирана храна! EEF85B963E41E941BA3FE73FB88673ADМакедонските
бебиња се хранат со храна која содржи генетски модифицирани организми а
нивните родители не се информирани за тоа бидејќи во Република
Македонија се уште не постои законска обврска за произведувачите и
увозниците на хранливи производи да ја етикетираат ГМО храната. Токму
таа храна е причина за алергиите што се појавуваат кај бебињата и
децата, која лекарите ја дијагностицираат како алергија со непознато
потекло. Овие алармантни податоци се резултат на истражувањата на
активистите на здружението Еко-свест кои долги години работат на полето
на генетски модифицираните организми (ГМО).
- Секој потрошувач
треба, доколку не постои етикета за ГМО на производите, да го бара
истото од продавачите и да се бори за своето право да знае каква храна
консумира. И инспекторите на терен треба да земат примероци од сета
онаа сомнителна храна за присуство на ГМО и да се испита во една од
постоечките лаборатории дали содржи ГМО, за граѓаните на Македонија да
знаат каква храна консумираат. Навистина, голем дел од производите кои
се наоѓаат на македонскиот пазар се потенцијални содржатели на ГМО,
како што се сојата и производите од соја, житарките, производите од
пченка, пченкарно брашно, производите од ориз во бебешка храна и многу
други. Иста е состојбата и со популарните чипсови. На пример Шпанија е
најголем производител на ГМО пченка и ја употребуваат за производство
на чипс и тортиљи. На македонскиот пазар ги има истите, увезени од
Шпанија, меѓутоа без етикета за присуство или отсуство на ГМО-информира
Славковска. Таа додава дека според законот во земјите членки ан ЕУ, на
етикетата на секој производ мора да стои дали истиот содржи ГМО, во
колкав процент и потеклото на вметнатиот ген.
Активностите на Еко-свест се насочени кон хармонизирање на законот
за генетски модифицирани организми во Македонија со законот на ЕУ преку
лобирање за усвојување на подзаконски акти со кои ќе може да се
применуваат одредбите на законот.
Една од главните активности на Еко-свест на ова поле е промовирање
на идејата за декларирање на зони слободни од ГМО во Македонија и
едукација на земјоделците за ризиците од користење генетски
модифицирани семиња. На нивна иницијатива Општините Могила, Велес,
Охрид и Чашка се прогласени како ГМО слободни зони, што значи дека се
области каде што земјоделците не одгледуваат ГМО култури ниту пак го
хранат добитокот со ГМ храна, области каде не се произведува ниту
продава ГМО храна. Низ Европа има преку 174 вакви региони, преку 4500
општини и независни земјоделци кои се декларирани како ГМО слободни
зони.
Генетски модифицирана храна! 041F9E87EF5EB84881D2057342BED099Што е генетски инженеринг?
Генетскиот
инженеринг претставува револуционерна технологија со која се префрлаат
гени од еден организам на друг, од растение на животно, од бактерија на
растение, од животно на растение итн. Со тоа се менуваат својствата на
организмите. Така на пример: гени одговорни за лачење отров против
инсекти од бактерии пренесени на пченка стануваат отпорни на инсекти.
Организмите во кои лабораториски се менуваат својствата се означуваат
како генетски модифицирани организми или ГМО.

Но,
лабораториските испитувања покажуваат дека освен позитивни се добиваат
и повеќе неочекувани, негативни својства. Така, на пример, кај
пастрмката во која генетски се вметнати хормони за растење, не само што
побрзо расте туку ја менува и бојата и станува зелена. А кај петунијата
во која се ставени гени за црвена боја на цветот истовремено се влијае
и на растењето на коренот и на листовите.
Вратете се на почетокот Go down
Sanja_Ivana
Полуматурант
Полуматурант
Sanja_Ivana

Female
Број на мислења : 962
Age : 40
Локација : Skopje
Расположение : Onaka
Поени : 29653
Registration date : 2008-05-09

Генетски модифицирана храна! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генетски модифицирана храна!   Генетски модифицирана храна! Empty09.03.09 8:30

Никој не проверува дали јадеме генетски модифицирана храна

Екологистите
постојано истакнуваат дека ваквите производи се штетни за здравјето на
живите суштества, но научните кругови се поделени за ова прашања
Генетски модифицирана храна! F51D5EA74AAAA042A65950E2F133F0D9Никој
не прави лабораториски испитувања дали храната што се внесува во
земјава е генетски модифицирана (ГМО), обвинуваат екологистите.Од
Дирекцијата за храна тврдат дека нивните инспектори на граничните
терминали редовно ги проверуваат декларациите и сертификатот на
производителите. - Ако пишува дека храната содржи состојки што се
генетски модифицирани го сопираме контингентот, бидејќи според
македонските закони, во земјава е забранет увозот на генетски
модифицираните производи - велат од Дирекцијата.

При контролата,
инспекторите им веруваат на веродостојноста на сертификатите и на
декларациите со кои производителот гарантира дека храната не е генетски
модифицирана. Главен филтер се неделните извештаи, подготвени од
Генералниот директорат за безбедност на храната на Европската комисија,
во кои се посочени производите што содржат состојки штетни за здравјето
на луѓето.

Изминативе две и пол години, откако е формирана
Дирекцијата за храна, ниеден производ увезен во земјава не е тестиран
за присуство на генетски модифицирани организми.

- Не можеме да
пуштиме на проверка производ во лабораторија, бидејќи Македонија се'
уште нема закон со кој ќе се регулира проблематиката на ГМО -
објаснуваат од Дирекцијата.

Во земјава, единствената референтна
лабораторија за проверка на ГМО, се наоѓа на Земјоделскиот факултет, а
беше пуштена во употреба пред три и пол месеци.

Законот за ГМО,
кој е во работна верзија од 2004 година, е предвиден поради
усогласувањата со европското законодавство и треба да биде донесен до
крајот на годинава.

Екологистите постојано истакнуваат дека
ваквите производи се штетни за здравјето на живите суштества, но
научните кругови се поделени за ова прашања.

Ненад Коциќ, доктор
на медицина и претседател на Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес,
тврди дека генетски модифицираните производи предизвикуваат алергии и
слабеење на имунитетот.

- Освен тоа, одредени генетски модифицирани организми лачат токсини, кои ги оштетуваат внатрешните органи - вели тој.

Професор
д-р Цане Стојковски од Земјоделскиот факултет во Скопје тврди дека не е
докажано оти консумирањето генетски модифицирана храна може да
предизвика сериозни оштетувања на организмот.

- Можно е да
предизвика алергија ако консументот е алергичен на растението,
животното или микроорганизмот чии гени се користеле при генетската
модификација - истакна професор Стојковски.

Во Европската Унија
е дозволен увозот на производи што содржат до најмногу 0,9 проценти
генетски модифицирани состојки. Далеку полиберални се законодавствата
на САД, Аргентина, Бразил и на Кина, кои се и најголемите производители
на ГМО. Сепак, и во тие земји, производите мора да бидат етикетирани и
на нив да пишува колку проценти ГМ состојки содржат.

Во ЕУ, производители на генетски модифицирана соја и пченка се Романија и Шпанија.

Главна
причина за рапидното ширење на генетски модифицираните растенија е
нивната економска исплатливост, поради нивната голема отпорност кон
различните штетници и болести.
Вратете се на почетокот Go down
Sanja_Ivana
Полуматурант
Полуматурант
Sanja_Ivana

Female
Број на мислења : 962
Age : 40
Локација : Skopje
Расположение : Onaka
Поени : 29653
Registration date : 2008-05-09

Генетски модифицирана храна! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генетски модифицирана храна!   Генетски модифицирана храна! Empty09.03.09 8:31

Не се знае дали штетниот ориз завршил на нашиот пазар

Македонија нема ниту закон ниту лабораторија каде што би се проверувала генетски модифицираната храна
Генетски модифицирана храна! 5C8835D4286C80458FCACD594D71C12A
Никој во Македонија не знае дали во земјава е увезен генетски
модифициран ориз произведен во Кина, кој неодамна бил забранет за
користење во исхраната и повлечен од пазарите во Британија, Франција и
во Германија. За оризовиот скандал што ја тресе Европа, надлежните
институции во земјава речиси и не слушнале. Официјално, во Македонија
нема закон што го забранува увозот на генетски модифицираната храна,
ниту постои референтна лабораторија за проверка на исправноста на
ваквата храна.

Според медиумите во Западна Европа, оризот што
бил повлечен не смее да се користи како храна за луѓето. Надлежните
државни институции велат дека нема причина за паника, зашто до јули
годинава во земјава не бил увезен ориз од Кина, но не ја исклучуваат
можноста дел од забранетиот ориз, по шверцерски канали сепак да завршил
на домашниот пазар.

Меѓународната организација за заштита на
животната средина „Гринпис“ деновиве предупреди дека европските
потрошувачи се во опасност ако во исхраната го користат неодобрениот
генетски модифициран ориз од Кина. Од Гринпис велат дека по
лабораториските анализи утврдиле дека оризот по потекло од Кина содржи
протеин што може да предизвика алергиска реакција кај луѓето.
Познавачите велат дека нашиот пазар е преплавен со генетски
модифицирана храна, но нема лабораторија што може да ја испита
штетноста на ГМО-храната за здравјето на човекот. Од друга страна, ниту
произведувачите ниту увозниците не го почитуваат законот што бара на
самата декларација на производот да биде посочено дали содржи ГМО.

Надлежните
велат дека во посебни случаи се испраќаат мостри на проверка во
странство, но дека тоа чини пари и се' поретко се практикува.

-
Ние немаме закон за генетски модифицирани организми како другите
европски земји и соседството. Во Законот за безбедност на храна децидно
пишува дека е забрането во земјава да се внесува храна од растително
потекло што содржи генетски модифицирани организми, но тоа во
практиката не се контролира. Ако на декларацијата стои тој податок,
мора веднаш да се забрани таа храна, но најчесто нема такви податоци, а
инспекторите не знаат дали содржи бидејќи нема лабораторија во која ќе
се испита - велат од надлежните институции.

Ниту професорот на
Земјоделски факултет Цане Стојковски, не ја исклучува можноста за
присутност на ваква храна на нашиот пазар. Тој вели дека мора побрзо да
се донесе закон и да се опреми лабораторија што ќе врши вакви
испитувања.

- Ние само можеме да претпоставуваме дали таква
храна влегла во земјава. Генерално досега не е докажано дека
ГМО-храната е штетна за луѓето, а во секој случај економски е многу
исплатлива за тие што ја произведуваат бидејќи дава големи приноси -
вели тој.

Од Министерството за земјоделство велат дека е можно
генетски модифицирана храна да влегува во земјава по шверцерски канали.
А на голем дел од производите нема декларација за содржината на
производот. Од таму соопштуваат дека законот што се работи во
Министерството за животна средина најверојатно ќе се донесе в година.

-
Се работи за регулатива што мора да се усвои. Ние не знаеме дали тој
ориз се продава на нашиот пазар, бидејќи никој не го проверува - велат
од Министерството за земјоделство.

Генетски модифицирана храна! 0321A3C223264547BFD186E557B8C39E
Според нив, постојат неколку типови генетски модифицирани организми
- едни како состојка во храната, други како производ во фармацевтската
индустрија и трети се репроматеријали од земјоделско потекло.

-
Светското искуство досега покажа дека нема цврсти докази за штетноста
на оваа храна, но има индикации дека може да има нарушувања на
животната средина. Во светот се произведува генетски модифицирана
сточна храна, пченка, житарки, репка, соја, ориз. Научниците реагираат
дека таа храна е штетна за луѓето, но досега не ја докажале штетноста,
а производителите тврдат дека е економски исплатлива и не е штетна.
Индустријата за производство на семенски материјал е многу моќна и може
да влијае да продолжи консумацијата на ваквата храна. Како ќе се одрази
тоа на здравјето на идните генерации не се знае - велат познавачите.

Инаку,
Гринпис не истакнува за кои количества кинески ориз станува збор.
Спорниот кинески ориз модифициран за да биде поотпорен на одреден вид
инсекти е пронајден во примероците на тестенини од ориз во Франција и
во Германија, и фиде од ориз во Британија - соопштуваат од Гринпис.
Модифициран компир уби глувци
Унгарскиот научник Пустај, правејќи експеримент, на група глувци им
давал генетски модифициран компир, а на друга обичен. Првата група
глувци по краток период умреле, а стомаците им биле уништени. По
објавувањето на резултатите од експериментот, врз научникот биле вршени
големи притисоци и останал без работа. Сепак производството на генетски
модифициран компир во меѓувреме замре.

Генетски модифицирани
организми се организми на кои им е изменет дел од генетскиот материјал,
односно ДНК, преносителот на наследните особини. Прво се
експериментирало со пониските организми, бактерии и вируси, а на крај
со животните и човекот. Со пресадување на гените што влијаат на
висината, можат да се добијат многу покрупни билки и многу послатки
плодови. Најчести производи подложни на генетска модификација се соја,
пченка, компир, репка и ориз. Генетско модифициран компир засилен со
протеини ги оштетува црниот дроб и создава низа здравствени проблеми.
ГМ-ориз е опасен и за луѓето и за животната средина. Жолтиот ориз
настанал со вкрстување два гена на нарцис и еден од бактерија.
Во МАНУ има лабораторија за ГМО
Во Македонија постои лабораторија со најсовремена опрема за
испитување на ГМО во храната. Станува збор за лабораторијата за
генетско инженерство во МАНУ, со која раководи академик Ѓорѓи Ефремов.

-
Лабораторијата е целосно подготвена и кадровски и технички за вакви
испитувања. Ние досега неколкупати сме се обратиле до министерствата за
земјоделство, екологија и економија, во кои им укажавме дека за три
дена можеме да направиме вакви истражувања, но досега не ни одговориле
- вели академик Ефремов, кој е директор на Истражувачкиот центар за
генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ и член на меѓународното
здруженија за генетско инженерство.
Вратете се на почетокот Go down
Sanja_Ivana
Полуматурант
Полуматурант
Sanja_Ivana

Female
Број на мислења : 962
Age : 40
Локација : Skopje
Расположение : Onaka
Поени : 29653
Registration date : 2008-05-09

Генетски модифицирана храна! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генетски модифицирана храна!   Генетски модифицирана храна! Empty09.03.09 8:32

ПишувањеПредмет: Re: Генетски модифицирана храна!   Генетски модифицирана храна! Empty09.03.09 8:34

Стоп за генетски модифицираната храна

Aлергии, намален имунолошки систем и многу токсично штетни
материи сето ова го предизвикуваат генетски модифицираните организми.
Eко свест, Грин Пауер и Еколошкото друштво Вила Зора почнаа акција за
борба против генетски модифицираните организми. Балонот домат кој е
висок 6 метри можеше синоќа да се забележи во Младинскиот парк.

- Целта ни е со доматот монструм да ги предупредиме
граѓаните колку е штетна оваа храна. Делиме флаери и собираме петиција
за да успееме да ставиме стоп на ГМО - вели координаторот на проектот
Андријана Славковска.
Убавиот изглед на генетски
модифицираниот зеленчук и овошје е само замка за купувачите, иако е
штетна оваа храна, сепак некој успева да ја продаде и да заработи на
неа- вели Игор Смилев, член на невладината организација Грин Пауер.
Велес
е првиот град во Македонија кој е прогласен за ГМО-слободна зона,
сакаме со оваа кампања во цела Македонија да се забрани со закон
чувањето на генетски модифицираните организми - вели претседателот на
еколошкото друштво Вила Зора, Ненад Коциќ.
Пред
една година ние го прогласивме Велес за ГМО слободна зона, тоа
претставува декларација на народот на Велес дека не сакаат генетски
модифицирани организми. Ова беше подржано и од нависоката инстанца во
градот – Советот на општината рече Ненад Коциќ. Тој вели дека ако
сакаме да бидеме дел од Европската унија мора да се бориме против
генетски модифицираните организми. Доматот монструм откако ќе прошета
низ сите градови во Македонија, на 24 јули тој ќе биде поставен во
Софија со што ќе стане дел од “Европската кампања за подигнување на
јавната свест за генетски модифицираните организми”.
Вратете се на почетокот Go down
Mama Ane
Форумски газда
Форумски газда
Mama Ane

Female
Број на мислења : 5798
Age : 48
Локација : skopje
Расположение : во неизвесност
Поени : 30706
Registration date : 2008-11-06

Генетски модифицирана храна! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генетски модифицирана храна!   Генетски модифицирана храна! Empty09.03.09 8:44

Само ќе споменам ми се има случено патлиџан купен, утредента дехидриран. Испарен, само лушпата остана :(
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content

Генетски модифицирана храна! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генетски модифицирана храна!   Генетски модифицирана храна! Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Генетски модифицирана храна!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Мојот дом :: Гастрономија-
Отиди до: