Пита
800гр.брашно
1лажиче сол
1лаж. шеќер
пола квасец
Тестото се замесува со вода млака,да биде замесено на меко.Не се чека да стаса туку веднаш се дели на два дела еден помал еден поголем.Се зема едното тесто се расукува кора еден прст дебела и се мачка со пола маргарин потоа на средина се сече голем круг и околу кругот сечете како сонце линии,како мали корички.секоја намачкана кора се тегне убаво и се става со намачканата страна одозгора врз кругот.И потоа во фрижидер 20 мин.Истото и со другата кора и така и со двете кори на два пати по 20мин..На крај плехот се мачка со зејтин и поголемата кора се става одоздола и краевите да и висат ,се става фил по желба мел. месо. сирење ,и одозгора помалата кора и со виснатите краеви се прави витка.Се попрскува со зејтин и се пече.Пријатен апетит!