за сите оние кои ке се одлучат да слават дома што ке спремите?
ова е моето мени за вториот роденден на иван:
роденденска торта
две теста од:
10 јајца
10 лаж шекер
2 лаж чоколадо (од филот)
150 сецкани ореви
150 сецкани урми
5 лаж брашно
1 пециво
фил
3 пудинга ванила+750 млеко+3 лаж густин
100 чокоадо за готвење+100 какао+200 шекер+400 вода+3 лаж густин
1.5 маргарин се мати со 300 шекер прав на крај се додаваат една по една жолчки
може во тестото за пандишпан да се стават 3 жолчки во едното и 3 во др
накрај се дели марг на пола се става во двата фила и добро меша
тортата се филува на крај хопла мрвици златен прав обавезно свекичката
еклери
500 вода
250 зејтин
350 брашно
пола пециво
7-8 јајца
2 л млеко
8 лаж густин
8 лаж брашно
20 лаж шекер
1 маргарин
250 прав шекер
чоколадо
прозорчиња од ѕвезди
170 маргарин
1 пудинг ванила
1 јајце
250 брашно
100 шекер
1 ванила
1 пециво
се се меси дели на пола во едната половина се додаваат 30 гр чоколадни мрвици се прават кори и се вадат по рецепт ѕвезди а може и др облик но од едниот вид тесто без а од др вид со дупче во средина
се печат на хартија ии зејтин 20 мин 200 степени се лепат со стопено чоколадо може и мармалад
седмо небо
5 белки
150 шекер се мати и се додава
2 лаж зејтин
2 лаж брашно
200 сецкани ореви
се мачка на крупната страна од обландата се пече 10-15 мин 100 степени на превртено плехче
се пече уште една ваква кора ама место ореви се става 200 кокос
фил:250 маргарин 250 прав шекер се мати се додаваат 10 жолчки една по една на крај 100 гр стопено чоколадо
на изладените обланди се мачка филот и се лепат така да однадвор и од двете страни се гледа обланда
значи обланда ,тесто ореви, фил, тесто кокос, обланда
за украсување по желба
кифли и погачи од истото тесто
400 јогурт
1 квасец
400 пресно млеко
6 јајца
1 панко адитив
2 лаж шекер
2 лаж сол
малку зејтин
сето ова добро се меша и замесува со брашно
потоа по желба се прави кифли погачи или сл
скара
рендана салата
500 јогурт
100 мајонез
250 павлака ова се меша
се рендаат варен компир варени јајца кисели крставички морков салама сирење ... се што се става во руска обична салата со мајонез
значи се редат во најубаво стаклени средно високи како за салата ред пр компир па сос па крставички па сос па др и до крај така
обично најгоре рендам сирење и магданос за украс
не се меша !
уф мислам дека пишав се
некој предлог?