Здраво Др. Видовски,
имам бебнце Давид, кој има два месеци. Денес бевме на ортопед, ни кажаа дека едната чашка е помалку развиена од другата и дека јадренцата уште не се оформени. Ортопедот не советуваше да користам широк повој со три пелени, да давам капки Вигантол по четири капки на ден и да го изнесувам на сонце по 10 минути. Јас до сега не ставав широк повој и не знам дали тоа нешто ке помогне. Ви се молам кажете ми што значи дијагнозата бидејки почнува паника да ме фака, ништо не ми објасни ортопедот што го прегледа Давид.
Однапред Ви благодарам.