Здраво д-р Лиде ,
Јас сум нова во форумот , Ве поздравувам Вас и сите членови . Многу сум загрижена и многу ми е тешко бидејки на мојот 9 годишен син внатрешниот дел на дланките му се лупат и стопалата.Ова започна пред 2 недели кога отидовме на одмор во Грција ,првиот ден се бањаше и во базен со обична вода , а потоа во морето и само што излезе од водата рацете му се лупеа . И сега кога го бањам дома , после бањањето рацете му се лупат . Инаку во текот на денот мусе рапави и синчето се срами и цело време ме прашува „Мамо што ми е ? “.Ве молам да ми кажете што да превземам и што да му давам ? Ви приложувам и слики од рацете веднаш по бањањето
Однапред Ви благодарам од се срце
Марина