Случајно барајки нешто на блогерај наидов на овие броеви за донации за дечиња кои се со некој здравствен проблем
..Активни броеви за донации
Од мрежата на Т-Mobile:
070 143 402 Мила Спасова
Мила е 6 месечно девојче, со пост-натално оштетување на очите, за чие лекување е потребен оперативен зафат. Зафатот ќе се случи во Белгија.
070 143 115 Ивона Наумова
1-годишната Ивона има сериозна срцева аномалија, за чие лекување веќе имаше две палијативни и припремни операции. Радикалната операција чини 13.000 ЕУР и ќе се спроведе во детскиот кардиохируршки центар во Софија.
070 143 163 Пајтим Шакировски
Пајтим е 14 години и има цироза, поради што е потребна итна трансплантација на црниот дроб. Зафатот ќе се реализира во центарот за детска хирургија во Белгија.
070 143 183 Никита Дошкова
16 годишната Никита има глиома, и итна потреба од операција, во некој од реномираните европски медицински центри.
070 143 193 Марјан Симоновски
Марјан има потреба од итна операција на левото око, со која би му се зачувал видот. Операцијата ќе се реализира во Русија, а чини најмалку 10.000 ЕУР.
070 143 102 Мартина Милошеска
Мартина има 4 години, и боледува од церебрална парализа. Со 6-те третмани на кои ќе се подложи се очекува драстично подобрување на нејзината состојба.
Eдномесечната Теодора Јованоска од с. Седларце, Тетовско, е родена со срцева маана и има потреба од три итни операции во Бугарија.
жиро с-ка: 200001886594508- Стопанска Банка.