Бидејќи некои членови ми јавија по ПМ, дека кога сакаат да аплодираат слика од компјутер, кај нив го нема линкот за
"SERVIMG" еве уште едно појаснување како да го направите тоа. Следете ги црвените стрелки
1. Имено прво напишете во прозорецот за порака, нешто, на пр. Слики од мојот двор, мои слики, и сл. зависно од каде се фотките. Потоа одите под прозорецот за пишување пораки и кликнувате на
ПРЕГЛЕД.
2,Кога ќе ви се отвори поракта горе над прозорецот за пишување има копче
HOST AN IMAGE. Кликнете на него.
3. Ќе ви се отвори во нов прозорец, сајтот нa
"SERVIMG". Ако не сте регистрирани кликнете на копчето
Join и отворете си свој албум, т.е зачленете се. Потоа логирајте се.
4.За да аплодирате слика, кликнете на
BROWSE и во својот компјутер изберете ја сликата која сакате да ја закачите.
5. Потоа во долниот дел изберете ја величината на сликата. За овде најдборо е да биде 640px. Ако пак сликата е многу мала - изберете
"No", односно да не се смени нејзината величина. Потоа кликнете на копчето
HOST IT и почекајте сликата да се закачи.
6. Откако ќе биде закачена сликата во албумот, ќе ви се отвори прозорец во кој се гледа слика и под неа неколку линкови. Изберете го првиот, селектирајте го со еден лев клик на маусот. Потоа кликнете десен клик и изберете опција
COPY7. Вратете се овде и впишете
[url= па внесете го линкот од сликата,со десен клик и PASTE па ставете една ваква заграда
„]„ па името на сликата на пример „Бебе„ и на крај впишете
[/url].Истата постапка повторете ја за повеќе слики. На крај кликнете
"Preview" за да проверите дали се во ред поставените слики. И ако е така кликнете
"Send"Претпоставувам сега е ЈАСНО!